Vrabotuvanje.com - Тим менаџер - Скопје - Винер Лајф
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Винер Лајф

 

Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ - Виена Иншуренс Груп Скопје

Винер Лајф Македонија е присутна на македонскиот пазар од 2010 година и е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG)  која постои од 1824 година.

Со континуиран раст и развој, поради зголемен обем на работа, Винер Лајф има потреба од искусни и амбициозни личности кои заслужуваат да работат во најдобри услови со најдобри ресурси.

Нашата стратешка цел е да развиеме силна и стабилна продажна мрежа, која ја сочинуваат нашите тим менаџери и  агенти за продажба. Нам во секое време ни се потребни луѓе кои се спремни и мислат дека можат да допринесат и да се развиваат како професионалци токму кај нас.

Како работодавец, Winner Life секогаш се стреми кон професионализам и квалитет, како на сегашните така и на идните соработници.

​Ние го цениме трудот на нашите колеги, нивниот начин на размислување и работа. Нашиот успех е резултат на многубројните идеи на нашите вработени.

Доколку мислиш дека можеш да допринесеш и бидеш дел од нашиот тим, а притоа ги имаш квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈ!

ТИМ МЕНАЏЕР​

Квалификации:

  • BCC;
  • Менаџерски способности;
  • Амбициозност;
  • Висока мотивираност;
  • Комуникативност;
  • Вештини за преговарање;
  • Способност за тимска работа;
  • Активно познавање на работа со персонален компјутер ( MS Office);
  • Познавање на англиски јазик;
  • Упорност;
  • Иницијативност;
  • Лица со искуство во директна продажба (имаат предност);
  • Работното место се однесува за Скопје.

Опис на работното место / одговорности:

  • Планира и реализира активности и обврски во соработка со непосредниот раководител;
  • Подготвува понуди за осигурување на живот;
  • Регрутира, обучува и надгледува агенти за продажба.


​Придобивки:

  • Фиксна плата + дополнителна провизија;
  • Првичен договор со времетраење од 6 месеци, со можност за продолжување;
  • Можност за вработување, конкурентен систем на наградување и континуирана надградба, едукација, и кариера во Винер Лајф и Vienna Insurance Group.

Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.

Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо да ги испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “Тим менаџер“ преку полето Аплицирај, најдоцна до 20.11.2018 година.

*НАПОМЕНА: 
Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид. 
Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде