Vrabotuvanje.com - Контролор за квалитет - Скопје - Атлантик група
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Контролор за квалитет

Скопје

Рок за пријавување:

  • Атлантик група

 
Стани: Контролор за квалитет
 
Локација: Скопје, СБО Кафе
 
 
Во склоп на СТРАТЕШКА ВИЗНИС ОБЛАСТ КАФЕ, Атлантик Група ги држи водечките позиции на повеќето пазари на поранешна Југославија. Така, Атлантик Група представува водечки производител на кафе во регионот, во кој доминира потрошувачката на турско кафе. Со водечките брендови Barcaffè, Гранд и Бонито, како лидер на пазарот во категоријата на турско кафе во Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, СБО Кафе е најголема бизнис област на Атлантик Група со остварени 17.714 милиони денари приход од продажба, што представува 20% од вкупниот промет на групацијата.
 
Од ентузијазам, посветеност и љубов кон кафето, првиот српски приватен бренд на традиционално кафе, Гранд Кафе, е создаден во 1990. година во Белград. Од самото лансирање, Гранд Кафе е доминантен на домашниот пазар на кафе, придобива доверба од милиони љубители на кафе во регионот и развива имиџ на гранд авторитет меѓу кафињата. Голем тим на експерти непрекидно работат на нови, современи и атрактивни производи, испитување на квалитетот, секојдневна контрола и унапредување на оригиналната рецептура.
 
 
Улога на контролот за квалитет:
  • Ги контролира сите параметри за квалитет и безбедност пропишани со интерни стандарди на компанијата;
  • Го контролира процесот на пржење и мелење на кафе, ја контролира бојата на прженото и гранулацијата на меленото кафе;
  • Го контролира пакувањето на кафето, ја контролира бојата и гранулацијата на спакуваното кафе, грамажата на пакувањето, содржината на кислород, како и целокупниот изглед на паковањето (вклучувајќи ги и етикетираните податоци на пакувањето);
  • Ја надгледува и прати состојбата на готовите производи во магацинот - ротација на залихи,  контрола на роковите на траење и состојбата на роба во магацинот;
  • Врши контрола на примените суровини за инстант напитоци и репроматеријали (флексибилна амбалажа, картонска амбалажа и други материјали и производи кои подлежат на приемна контрола според стандардите на компанијата);
  • Води евиденција за контрола на квалитетот;
  • Соработува со одговорните лица за одреден дел од производствениот процес (пакување, пржење, мелење) како и со шефовите на магацинот и препорачува спроведување на евентуални корективни мерки во случај на недостаток или несоодветно управување со процесот;
  • Ја следи состојбата на работната средина и изгледите на работниците во поглед на усогласеноста со законската регулатива и препорачаните мерки за подобрување;
  • Поднесува извештај по налог на непосредно надредениот раководител.
 
 
Прав кандидат:
  • IV степен на стручна подготовка (општо усмерење);
  • Задолжително е релевантно искуство во времетраење од минимум 6 месеци на слична или иста позиција;
  • Ги почитува правилата за добра производна и хигиенска пракса (ГМП и ГХП);
  • Го познава производствениот квалитет;
  • Се придржува на прописите и постапките, упатствата и методите на компанијата;
  • Ги почитува процедурите за безбедност и сигурност;
  • Има искуство со работа на компјутер;
  • Англиски јазик –средно ниво;
  • Возачка дозвола (Б категорија).

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги испратат преку полето Аплицирај

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде