Vrabotuvanje.com - Магационер/дистрибутер - Скопје - СТЕНСО-МАК
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Магационер/дистрибутер

Скопје

Рок за пријавување:

  • СТЕНСО-МАК

Компанијата СТЕНСО МАК започна со работа во септември 2016 година и веќе во првата година забележи значајни успеси. Основна дејност на СТЕНСО МАК е увоз и трговија со лична заштитна и работна облека.

Компанијата располага со специјализиран продажен салон и магацински простор, во кои коминтентите може на лице место да се запознаат со нашата програма и да ги изберат производите што им се потребни. Со овој начин на работа ја гарантираме и брзината на испораките, бидејќи можеме да понудиме производи кои веќе ги имаме во нашиот магацин.
 
СТЕНСО МАК располага со широка палета производи. Во секој момент имаме повеќе од 4 илјади производи, при што, покрај за типичните индустрии, како што се градежништво, производство на храна, кондиторска индустрија, земјоделство и други индустриски капацитети, имаме и производи за хотелиерство, гастрономија, угостителство, здравство... и за други услужни дејности.

 

Магационер/дистрибутер

 

Работни услови:

  • Полно работно време - 40 часа
  • Договор на неопределено време со пробен период
  • Пријатна работна атмосфера
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства

Потребни квалификации:

  • Средно образование
  • Возачка дозвола, Б категорија
  • Искуство на иста или слична позиција (пожелно)
  • Искуство во работење со магацинска опрема 
  • Општо познавање на модерната комуникациска технологија

Работни задачи:

  • Истоварање и складирање на стока при прием во магацинот
  • Издавање на стока од магацинот
  • Товарање на стока во возила за транспорт 
  • Дистрибуција до крајни корисници
  • Одржување на ред и хигиена во магацинот
  • Почитување на правилата и процедурите во работењето 
  • Управување со магацинска опрема



 

​Доколку сте заинтересирани испратете ги Вашите биографии електронски преку полето Аплицирај. 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде