Vrabotuvanje.com - Менаџер за маркетинг и продажба - Скопје - The HeadHunter Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за маркетинг и продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • The HeadHunter Group

 

 
Job Good! Life Good!
 
The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите. За потребите на наш клиент, реномирана компанија од хемиско-фармацевтска индустрија, бараме: 
 
МЕНАЏЕР ЗА МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА – Хемија 
 
 
Опис на работно место:
  • Развој на планот за продажба и планот на активности на тимот за продажба 
  • Развој на маркетиншки стратегии и планови со цел зголемување на продажбата;
  • Анализа и контрола на ценовата политика и  предлага методи за модификација на цените на производите; 
  • Анализа на животниот циклус на производите и воведување на нови производи, креирање на политика за настап и навлегување на нови пазари;
  • Комуникација со веќе постоечки клиенти и стекнување нови клиенти;
  • Анализа и преглед на извршените активности и резултатите од продажбата;
  • Предлага измени во стратегијата за продажба, промоција на производите, начин на наплата на побарувањата и освојување на пазарот и се грижи за нејзино спроведување
  • Поддржува еволутивен развој на продажбата како операциja
  • Развој и реализација на промотивни активности: маркетиншки кампањи, промоции итн;
  • Водење на евиденција и ефикасна распределба на маркетиншкиот буџет;
  • Подобрување на пласманот на производите на пазарот согласно потребите на пазарот;
  • Согледување на однесувањето на потрошувачите, трговците и конкуренцијата.
  • Менаџира со вработените во својот сектор, извршува регрутација и селекција на работна сила во секторот, организира, координира, мотивира и контролира;
  • Извршува и други работни задачи по налог на Управителот на компанијата 
 
Потребни квалификации, знаења и способности:
  • ВСС, Дипломиран инженер по технологија, електро -техника, хемија или биологија /биохемија 
  • Релевантно работно искуство на иста или слична позиција
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен) 
  • Oдлично познавање на MS Office пакет програми  и апликации
  • Одлични организациски и комуникациски способности
  • Аналитична и одговорна личност, ориентирана кон пронаоѓање решенија
  • Способност за запазување на рокови и остварување на резултати
  • Способност за формирање и водење на тим
  • Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера, со различни групи на луѓе
  • Позитивен став
 
Понуда/Плата:  Компетитивна 
 
Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат преку полето Аплицирај до 23 Ноември 2018
Доколку имате прашања  поврзани со апликациите, контактирајте ја Ѓ-ѓа Јулијана Миновска на +389 70 379 914 (Понеделник-Петок).
 
Пробајте го Хедхантер за вашиот успех!
Доверете ја вашта кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
 
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде