Vrabotuvanje.com - Унапредувач / ка на продажба за Велес - Велес - АЛМА- М
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Унапредувач / ка на продажба за Велес

Велес

Рок за пријавување:

  • АЛМА- М

Објавува ОГЛАС за следната работна позиција
 
Унапредувач/ ка на продажба за Велес
 
 
 
Датум на објава: 9 Ноември 2018
Рок за пријавување до 18 Ноември 2018
Број на оглас: О-ЦИ-УП-181109-2
Сектор: Комерција – ЦОТ
Локација: Велес
Супервизор: Регионален менаџер за продажба на источна Македонија
 
 
Работни задачи:
  • Подредување, следење и контролирање на производи (процентуално учество) на сталажи во продажни објекти според стандарди и договори на Алма-М
  • Имплементација на цени, маркетинг активности (летоци, акции, настани, ...) и нивно истакнување
  • Следење и известување за активности на конкуренција
  • Изготвување извештаи и нивно навремено доставување
  • Следење на залиха на сталажи и во магацин/и на продажни објекти, следење на рокови на употреба и примена на ФЕФО методот други работи по налог на претпоставениот
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Минимум завршено средно образование,
  • Флексибилност за работа на терен,
  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
  • Професионално однесување,
  • Организиран/а и аналитичен/а,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
  • Пожелно е поседување возачка дозвола Б – категорија, но не е задолжително,
  • Пожелно е познавање на англиски јазик.
 
Потребно искуство:
  • Претходно работно искуство не е потребно
 
 
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Аплицирај со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
 
 
 
Напомена:
  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
  • САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место изнесува 15.000,00 денари во првите 3 месеци, која понатаму ќе биде зголемена со додаток за работна успешност.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања
 
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде