Vrabotuvanje.com - Менаџер на ресторан - Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер на ресторан

Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

К.А.К Групацијата е долгогодишен лидер во туризмот управувајќи со Ресорт Маврово, која како резултат на зголемениот обем на работа, распишува конкурс за позицијата МЕНАЏЕР НА РЕСТОРАН за Хотел Бистра.


Потребни квалификации:

  • ССС, ВКВ (насока: хотелиерство, угостителство);
  • Минимум 2 години работно искуство;
  • Познавање на организацијата за приготвување храна во хотелиерството;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Пожелно е познавање на друг странски јазик;
  • Посебна здравствена способност (за работа во угостителство);
  • Работа во смени;
  • Точно и одговорно извршување на работните обврски и почитување на работната дисциплина.
  • На заинтересираните кандидати им нудиме добри услови, редовна плата и можност за натамошно напредување. 

 

Работни обврски:

  • Ја планира, организира и ја контролира работата на ресторанот: распоредот на работата, општата ефикасност и општата хигиена.
  • Ја раководи работата на вработените во ресторанот за резултатите да бидат во согласност со утврдените стандарди.
  • Редовно го прегледува просторот во ресторанот за да се обезбеди правилна уреденост и осветленост, како и функционирање на клима-уредите пред служењето.
  • Во текот на оброкот во ресторанот го проверува текот на работата.
  • Ги прегледува и ги анализира цените на храната и пијалаците и предлага промени.
  • Ги прегледува менијата и списокот на пијалаците во поглед на содржината, селекцијата на предметите, начинот на напишаното, насловите и генералниот изглед.
  • Презема одговорност за профитабилна работа, заснована на ефикасно управување со човечките ресурси.
  • Презентира посебни настани, сезонски активности, промоции и други иновации на гостите
  • Помага при планирањето, организацијата и контролата на промоцијата на храната и пијалаците во ресторанот, како и во планирањето на нови менија
  • Постојано истражува нови начини за подобрување на стандардот и работата, за обезбедениот квалитет на услугите во рестораните да ги задоволува стандардите на Хотел Бистра
  • Го следи изгледот на персоналот, при што треба да внимава да се исполнети сите стандарди.
  • Треба да внимава гласноста на музиката и нивото на осветлување да се адекватни, како и декорациите на масите да се добро одржувани и да имаат оптимални услови.
  • Пред започнување на смената во соработка со менаџерот на хотелот има состанок за подготвување на хотелскиот ресторан според планираниот тек.
  • Одржува неделни состаноци со вработените со цел подобрување на мотивацијата кај нив
  • Изготвување на неделни, месечни и годишни извештаи за работата на ресторанот со помош на претпоставените

 

Хотел Бистра за оваа работна позиција нуди добри услови за работа, искусен тим во кујна, редовна плата и можност за натамошно напредување.
 
Сите заинтересирани кандидати потребно е да пратат CV преку полето Аплицирај

 

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде