Vrabotuvanje.com - Дипломиран градежен инженер - Скопје - Филип Прима Ексклузив
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дипломиран градежен инженер

Скопје

Рок за пријавување:

  • Филип Прима Ексклузив

ФИЛИП ПРИМА ЕКСКЛУЗИВ ДОО е компанијата чија дејност е изградба на деловно– станбени единици од високоградба, клуч на рака


ФИЛИП ПРИМА ЕКСКЛУЗИВ ДОО има потреба од едно лице за следната работна позиција:

 Дипломирани градежни инженери или архитекти за вршење изведба во областа високо градба

2 (два) извршители


 
Неопходни компетенции:

  • Високо образование ВСП (300 ЕКТС),
  • Претходно работно искуство од 2 до 5 години
  • Задолжително поседување на А овластување за изведба или Б овластување за изведба од КОАИ на Р.Македонија 
  • Познавање на англиски јазик, 
  • Работа со компјутери и задолжително познавање на MS Office, Internet и Auto CAD,
  • Поседување возачка дозвола Б категорија.

 
Конкурентска предност за работната позиција:

  • Познавање на завршни работи, ѕидаротесарски и/или алкобонд фасади.
  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности, и способност за работа со различни тимови
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Развиена способност за одржување на високо ниво на квалитет во работењето
  • Самоиницијативност и подготвеност за учење
  • Решавање на проблеми

 
Ние нудиме:

  • Можност да сте дел од голема регионална компанија со утврден имиџ во градежништвото
  • Сигурна и редовна работа со обезбеденост на проекти за следните 5 години, како и сигурна плата без задоцнување.
  • Стабилност и можност за развивање
  • Учество во најголемите проекти во Р.Македонија
  • Градење на успешна кариера
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
  • Почетна нето плата од 30,000 денари.

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават преку полето Аплицирај.

web: http://www.filipprima.com.mk/

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде