Vrabotuvanje.com - Елекро инженер (специјалист) во Гостивар - Гостивар - ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Елекро инженер (специјалист) во Гостивар

Гостивар

Рок за пријавување:

  • ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ


 


За нас

ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата, која на македонскиот пазар влезе во 2006 година . Најважна цел за ЕВН Електродистрибуција е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија.


За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Гостивар, Група 1 – Нови приклучоци, бараме:

ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР (СПЕЦИЈАЛИСТ) во ГОСТИВАР (М/Ж)


Работни задачи:

  • Обработка на барања и поплаки од корисниците,
  • Планирање и проектирање на електроенергетски објекти,
  • Контрола и надзор на изградба/пуштање во работа на електро-енергетски објекти и приклучоци на корисниците,
  • Прием, обработка, чување и средување на документација,
  • Контрола на приклучоци и мерни места.


Потребни квалификации:

  • Електро-технички факултет - Енергетика,
  • Релевантно работно искуство од минимум 2 (две) години,
  • Познавање и користење на MS Office,
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета како предност,
  • Способност за работа во рокови,
  • Возачка дозвола,
  • Исполнителност и одговорност,
  • Флексибилност,
  • Тимска работа.


Испратете ја Вашата куса биографија и мотивационо писмо jobs.evnelektrodistribucija@evn.mk, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 18.12.2018.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.

ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.


Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!

ЕВН Македонија, Оддел за човечки ресурси и организација
www.evn.mkjobs.evnelektrodistribucija@evn.mk

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде