Vrabotuvanje.com - Финансиски аналитичар - Скопје - Vrabotuvanje.com за клиентот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Финансиски аналитичар

Скопје

Рок за пријавување:

Работодавач: Vrabotuvanje.com за клиентот


Вработување.Ком за потребите на својот клиент -Реномирана компанија со долго годишно работно искуство  во областа на транспорт и логистика  која е посветена на обслужување на клиентите со давање на логистичка подршка, поради зголемениот обем на работа има потреба од вработување на:
 

Финансиски аналитичар
1 (еден) извршител

Работното место: Финансиски Аналитичар ќe биде дел од тимот на целокупниот процес на работа. Преку дефинирани задачи, ќе придонесува за оптимално функционирање на целиот процес на работата со целосно ангажирање за заедничко извршување на задачите. Притоа треба да развива добри односи со вработените и  да има високи перформанси на организациски способности за да може работата во делот на финансиите  да се извршува на највисоко ниво.
 
Работата ќе се извршува во една смена.
Компанијата нуди одлични услови за работа со одлична заработка и наградување на Вашиот работен ангажман.
 
Квалификации на кандидатите:
  • VI  степен на подготовка ВСС/економски факултет, работно искуство од 1 до 3 години во делот на финансии
  • Анализа на финансиските податоци со собирање,следење и креирање на нови финансиски модели
  • Анализа за подобрување на годишно буџетирање и месечно прогнозирање
  • Финансиско планирање и стратегии
  • Подобрување на процеси и изнаоѓање на модели за анализа на финансиите
 
Конкурентски предности: 
  • Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
  • Организациски способности
  • Спроведување  на мерки и активности за подобрување на финансиската подршка
  • Динамичност, мотивираност, иницијативност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Тимско работење и кооперативност
 
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација:
  • Мотивациско писмо за аплицирање на огласот
  • Биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Дополнителни дипломи и сертификати ќе се сметаат за предност
 
Кандидатите треба да ги исполната и општите услови предвидени со Закон. Со Вашето доставување на CV се согласувате Вашите податоци да бидат задржани во нашата база во период од 12 месеци
 
Сите кандидати кои ќе достават апликации ќе бидат контактирани.
 
Реномирана компанија со долго годишно работно искуство во областа на транспорт и логистика обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување .
 
Документите треба да се достават преку полето Аплицирај.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде