Vrabotuvanje.com - Менаџер за квалитет - Скопје - Градежен Институт Македонија АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за квалитет

Скопје

Рок за пријавување:

  • Градежен Институт Македонија АД-Скопје

 
Посветеноста и одржувањето на највисоки стандарди на професионализам, постојаната потрага по иновативни решенија и прифаќањето на нови можности со цел постигнување на најдобри резултати, повеќе од 4 децении го издигнуваат Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје како лидер меѓу градежните компании во обезбедување специфични услуги во градежништвото.
 
Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, каде ќе можете да ја остварите Вашата визија, креативност, да го примените своето знаење и да изградите успешна кариера, аплицирајте на следниот 
 
ОГЛАС
ЗА РАБОТНО МЕСТО
 
Менаџер за квалитет со следниве,
 
 
Неопходни компетенции:
  • Високо образование ВСП (Градежен факултет или Факултет за технички науки со 240 или 300 ЕКТС, предност ќе имаат кандидатите со Градежен факултет),
  • Со работно искуство од 5 (пет) години во работењето со Системи за управување со квалитет ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, ISO 17025 и ISO 19001,
  • Поседување на Сертификат за положен Lead Auditor ISO 9001 IRCA ќе се смета за предност,
  • Познавање на англиски јазик, 
  • Работа со компјутери и задолжително познавање на MS Office и Internet,
  • Поседување возачка дозвола Б категорија.
 
Работниот однос се заснова на определено време во траење од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување.
 
 
Одговорности:
  • Креира и имплементира процедури за контрола на квалитет во соработка со Одделот за внатрешна ревизија;
  • Врши контрола на системската документација во поглед на барањата на стандардите (ISO 9001; ISO 14001; OHSAS 18001; ISO 17025 и другите стандарди кои се имплементираат во компанијата);
  • Развива планови за обезбедување на квалитет на услугите со спроведување на анализа на ризици, идентификување на критичните точки и превентивните мерки, следење на процедурите и предлагање на корективни мерки;
  • Изработува соодветна документација за следење и контрола на квалитет на услугите;
  • Планира и спроведува внатрешна ревизија на системот за управување со квалитет;
  • Идентификува неусогласености, иницира и превзема превентивни мерки, предлага корективни мерки за отстранување на неусогласеностите во процесите, активностите, производите, услугите и Интегрираниот Менаџмент Систем;
  • Планира и спроведува внатрешна ревизија на системот за управување со квалитет;
  • Ги следи работните резултати со цел собирање релевантни информации и изработка на статистички извештаи за квалитет на услугите;
  • Дава совети за промени и нивно имплементирање, како и обезбедува соодветни обуки, средства и техники со цел да им овозможи на другите да го постигнат бараниот квалитет;
  • Обезбедува стручна подршка за Акредитираната лабораторија во согласност со барањата на стандардот ISO 17025 и на другите стандарди за квалитет;
  • Прави внатрешна ревизија на системот за квалитет според дефинираната динамика и
  • Изработува годишни планови, анализи и извештаи за работењето.
  • Обезбедува и врши подготовка на податоци, материјали, анализи и извештаи за подготовка на годишните интерни и екстерни аудити (редовни и вонредни).
 
Конкурентска предност за работната позиција:
  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности, и способност за работа со различни тимови
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Развиена способност за одржување на високо ниво на квалитет во работењето
  • Самоиницијативност и подготвеност за учење
  • Решавање на проблеми
 
Ние нудиме:
  • Можност да сте дел од голема регионална компанија со утврден имиџ во градежништвото
  • Стабилност и можност за развивање
  • Учество во меѓународни проекти
  • Градење на успешна кариера
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
  • Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции.
 
Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот. 
Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок). 
 
Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, овластувања, потврди и др. да се достават во Архивата на ГИ Македонија АД, ул.Дрезденска бр.52 Скопје или преку полето Аплицирај
 
Телефон за контакт 02/3091-945
 
Огласот трае 30 (триесет) дена од неговото објавување.
 
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
 
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција. 
 
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 6 (шест) месеци.
 
Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје води посебна грижа за заштита на лични податоци и за доверливост со Вашата апликација
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде