Vrabotuvanje.com - Машински техничар - Скопје - dssmith
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Машински техничар

Скопје

Рок за пријавување:

  • dssmith

DS Smith  е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith  ги задоволува сите барања на пазарот. 

Со тим од над 28.500 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.

Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com

 

DS Smith Скопје вработува:

Машински техничар
 
 
 
Потребни квалификации:
  • Средно образование (машинско или техничко училиште) 
  • Со релевантно работно искуство
  • Организираност и одговорност
  • Способност за работа во тим
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Флексибилност и способност за работа во динамично опкружување
 
Работни задачи и одговорности:
  • Детектирање и отстранување на машински дефекти на производствени машини
  • Учество во ремонт на машините и опремата
  • Активно учество во инсталирање на опрема
  • Одржување и сервисирање на транспортни системи
  • Познавање од хидраулични и пневматски системи
  • Сервисирање и одржување на циркулациони и пневматски пумпи
  • Учење на нови процеси
  • Следење на процедури за безбедност и здравје при работа
  • Користење на техничка документација ќе се смета за предност
 
Што нудиме: работа во интернационална компанија, во динамична атмосфера, со можност за персонален и професионален развој.

 

Сите заинтересирани кандидати кој ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават CV преку полето Аплицирај

не подоцна од 27.01.2019

Само оние апликации кој ги задоволуваат критериумите наведени погоре ќе бидат поканети на интервју

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде