Vrabotuvanje.com - Управител на друштвото - Тетово - ЕУРОВИА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Управител на друштвото

Тетово

Рок за пријавување:

  • ЕУРОВИА ДООЕЛ
  • Адреса: ул.101 бр.15 Желино, 1200 Тетово
  • Веб страна: http://www.eurovia.mk
 
 
 
Друштво за градежништво, трговија и услуги ЕУРОВИА ДООЕЛ со седиште во Желино, Тетово - една од водечките компании во Македонија со долгогодишно искуство на полето на градежништво, логистика,  и трговија со градежни материjали, со единствена цел остварување на високо професионален однос со клиентите, нудејќи навремено и прецизно извршување на услуги и комплетна посветеност кон она што го работи, со цел зајакнување на нашиот тим , објавува оглас за следната позиција: 
 
УПРАВИТЕЛ НА ДРУШТВОТО
 
Управителот ќе биде одговорен за планирање, развој и наосчување на сите комерцијални активности преку дефинирање на стратешките цели и бизнис планови. Обезбедување беспрекорна организација за да се обезбеди максимална добивка и
враќање на вложениот капитал. 
 
 
Главни одговорности:
  • Концептуализирање и водење на Друштвото, следејќи ги политиките, насоките и целите на компанијата кои се одредени од Генералните директори.
  • Да  се  развијат  и  операционализираат  стретеги,  планови  за  долготраен  развој, годишни оперативни планови, годишни буџети, додека континуирано се мери напредокот.
  • Превземање на активности за управување со проекти и надгледување на тимовите кои управуваат со проекти, одговорен за ефикасно управување со проектите
  • Преглед на предлог – проект или план за утврдување временска рамка, финансиски ограничувања, процедури за остварување на проект, кадровски барања и распределба на достапни ресурси за различни фази на проектот.
  • Креирање  работни  планови  и  поделба  на  должности  и  одговорности,  со  цел обезбедување на напредок на проект во рамки на предвиден распоред и препишан буџет.
  • Обезбедување на насоки за развој на проектот.
  • Планирање, управување и распределба на ресурси
  • Обезбедување на деловни процеси, алатки, внатрешни контроли за административно правни и сметководствени операции
  • Планирање и контрола на капиталните инвестиции на Друштвото
  • Градење и водење на тим на диманични и иновативни професионалци
  • Да се развијат силни врски и  комуникациски врски со клучните лица, активно учество во напорите за развој на бизнисот и продажбата; изградба на нови односи со клиентите.
  • Разгледување  на  извештаите  подготвени  од  статусниот  персонал,  менување  на распоредот и плановите според барањата.
  • Развивање  на  директна   секојдневна  комуникација  со  Генералниот  Директор.
  • Припрема  на  извештаи  за  состојбата  со  Друштвото:  Финансиски,  проекти  и управителски извештаи. 
 
 
Потребни комуникациски вештини:
  • Вештини  на стретшки менаџмент  (планирање,  финансирање,  анализа,  развој  на бизнис)
  • Меѓународен   начин   на   размислување,   познавање   на   принципи   на   деловно партнерство.
  • Бизнис – ориентиран начин на размислување. Ментална агилност со способност за фокусирање, брзо и остро реагирање на клучни прашања.
  • Способност   за   управување   со   проекти,   планирање   на   развој   на   проект, координирање на проекти, завршување на проекти на време и буџет, управување со проектен тим.
 
Потребни квалификации:
  • Завршено  високо  образование  Факултет  за  бизнис  –  економија,  Факултет  за менаџмент или Градежен Факултет
  • Пожелни се постдипломски квалификации;
  • Над 3 години работно искуство во управување на Градежна компанија
  • Добро познавање на македонскиот пазар;
  • Одлични комуникациски вештини на македонски,англиски;
  • Познавање на ИТ технологии;
  • Соодветно работно искуство како управител минимум 3 години;
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на англиски јазик
  • Способност за тимска работа
  • Флексибилност за работа на терен
  •  Комуникативност, организираност и одговорност
 
Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат свое мотивациско писмо и професионална биографија (CV) преку полето Аплицирај
 
Краен рок за пријавување: 20.01.2019
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде