Vrabotuvanje.com - Асистент за финансии - Тетово - ЕУРОВИА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент за финансии

Тетово

Рок за пријавување:

  • ЕУРОВИА ДООЕЛ

 
Друштво за градежништво, трговија и услуги ЕУРОВИА ДООЕЛ со седиште во Желино, Тетово - една од водечките компании во Македонија со долгогодишно искуство на полето на градежништво, логистика,  и трговија со градежни материjали, со единствена цел остварување на високо професионален однос со клиентите, нудејќи навремено и прецизно извршување на услуги и комплетна посветеност кон она што го работи, со цел зајакнување на нашиот тим , објавува Оглас за следната позиција: 

 

АСИСТЕНТ ЗА ФИНАНСИИ

 

Одговорности на работната позиција:

  • Подршка за Менаџерот за финансии во секојдневните работни обврски
  • Прием, евиденција и регистрација на влезни фактури
  • Издавање, испорака и регистрација на излезни фактури 
  • Евиденција на дневен промет
  • Следи наплата и побарување кон клиентите
  • Евиденција во Софтвер за финансиска регистрација на дневна основа
  • Следи усогласување со клиенти и нивен финансиски статус
  • Одржување на сите физички и електронски финансиски документи по хронолошки редослед;
  • Врши  сродни работи согласно потребите на Дирекцијата на која припаѓа.

Потребни квалификации:

  • Универзитетско образование – Економски факултет.
  • Познавање на соодветната Македонска законска регулатива и меѓународни сметководствени стандарди,
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција  
  • Познавање на ERP програма за сметководство ќе се смета како предност
  • Предност имат кандидатите запознаени со платформа Office 365;
  • Возачка дозвола Б – категорија, активен возач

Потребни комуникациски вештини:

  • Одлични комуникациски вештини; 
  • Способност за тимска работа;
  • Организациска и аналитичка способност;
  • Самоиницијативност, лојалност и одговорност во извршувањето на работните задачи;
  • Професионален и позитивен однос.

 

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат свое мотивациско писмо и професионална биографија (CV) преку полето Аплицирај.
 
Краен рок за пријавување: 20.01.2019
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде