Vrabotuvanje.com - Директор за продажба - Скопје - Vrabotuvanje.com за клиентот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Директор за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

Работодавач: Vrabotuvanje.com за клиентот

Вработување.Ком за потребите на својот клиент, регионален ИТ систем интегратор, објавува оглас за следната работна позиција:
 

ДИРЕКТОР ЗА ПРОДАЖБА​

Одговорности:

  • Анализа и евалуација на потенцијалот на пазарот
  • Изработка на план за развој и стратегија за настап на пазарот 
  • Селекција на портфолио 
  • Подготовка на годишен план за продажба и следење на неговото спроведување 
  • Континуирано барање и креирање на нови можности за продажба
  • Комплетно управување со продажните активности и процеси
  • Управување со одделот за продажба, поставување на цели и следење на нивното спроведување
  • Одржување на релации со вендорите и партнерите
  • Неделно и месечно известување кон Генералниот менаџер
  • Застапување на интересите на компанијата и пошироката групација во деловните кругови
  • Одржување на контакти од стратешко значење
  • По потреба учество во развој на правилници и процедури 

Потребни квалификации: 

  • Високо образование
  • Минимум 5 години искуство во продажба на ИТ решенија и опрема 
  • Минимум 2 години искуство во управување со тим
  • Одлично познавање на МS Office
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Одлично познавање на деловен Англиски јазик
  • Одлично познавање на Македонскиот пазар со фокус на ИТ индустријата. Познавање на други регионални пазари ќе се смета за предност. 
  • Способност да работи независно и како дел од тим
  • Способност и желба да одржува и развива мрежа на корисници
  • Силно чувство за грижа за корисници
  • Одлични аналитички способности
  • Ориентиран кон продажба и резултати
  • Одлични комуникациски способности
  • Силно изразена способност да презентира решенија на начин разбирлив за корисникот, да преговара и успешно да “затвора” деловни можности 
 

Доколку ги поседувате бараните вештини и работно искуство, Ве молиме испратете ги Вашето CV и мотивационо писмо користејќи ја опцијата Брза апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде