Vrabotuvanje.com - Автоелектричар - Скопје - МАН ИМПОРТЕР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Автоелектричар

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАН ИМПОРТЕР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

Автоелектричар

МАН ИМПОРТЕР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ е генерален увозник на МАН комерцијални возила и МАН оригинални резервни делови. Во нашиот продажно-сервисен центар вршиме продажба на нови и користени комерцијални МАН возила, автобуси за градски, приградски и туристички превоз, одржување на овие возила и продажба на резервни делови.
 
Во согласност со актуелните и планираните развојни активности бараме вредни, стручни и совесни личности (м /ж).
 
Потребни квалификации:
  • ССС или КВ автоелектричар
  • Предност: искуство во работа со стопански возила
  • Возачка дозвола Б категорија, пожелно C категорија
Опис на работните задачи: 
  • Испитување на техничката исправност на возилата 
  • Дијагностицирање на дефекти на електронски и електрични деловите и системите во возилото  
  • Подесување, сервисирање и поправање на издефектираните деловите и системите во возилото  
  • По потреба врши механички поправки, чистење (миење) на возилото
  • Останати слични работи по налог и упатства на непосредно претпоставениот
 
На избраните кандидати им нудиме работа во современа и динамична деловна средина, можност за постојано лично усовршување и примерни услови за работа.
 
Вашето барање за вработување и биографија ги очекуваме електронски преку полето Брза Апликација или на адреса:
 
МАН  ИМПОРТЕР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ 
Улица 2. бр.84,  Илинден
1000 Скопје
 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде