Vrabotuvanje.com - Мрежен и Систем Администратор - Скопје - Vrabotuvanje.com за клиентот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Мрежен и Систем Администратор

Скопје

Рок за пријавување:

Работодавач: Vrabotuvanje.com за клиентот

Вработување.ком, за потребите на клиент – компанија која работи на пазарот на игри на среќа од 2001 година, објавува оглас за регрутирање на искусни кандидати за позицијата:

МРЕЖЕН И СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР​

Главни одговорности:

  • Инсталација и конфигурација на постоечките и нови хардверски инфраструктури (сервери, рутери, свичеви) во согласност со проектно-оперативните задачи
  • Секојдневно следење на системот, проверка на достапноста на сите хардверски ресурси и сервиси, инспекција на системските и апликативни логови, проверка и бекап
  • Редовно следење на безбедноста заради идентификување на евентуални слабости
  • Брза и ефикасна комуникација со корисниците и другите членови на интерните тимови
  • Водење сметка за перформансите на системот и нивно прилагодување
  • Решавање на мрежните проблеми и прекини
  • Имплементација на нови технологии

Потребни способности и вештини: 

  • Самомотивираност, посветеност, одговорност и доверливост,
  • Изразени вештини на комуникација, тимско работење и соработка, 
  • Способност за решавање на проблеми
  • Одговорна, посветена и стабилна личност
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење
  • Способност за работа под притисок и во рокови

Очекувани квалификации: 

  • Минимум средно техничко образование
  • Најмалку 5 години работно искуство на позиција мрежен и систем администратор или друга ИТ позиција
  • Напредно познавање на мрежи и мрежни протоколи, сертификат CCNA ќе се смета за предност
  • Искуство во работата со мрежна опрема од еден или повеќе од наведените производители MikroTik, Cisco, Juniper
  • Напредно познавање на hardware (server, Storage…)
  • Напредно познавање на оперативните системи Linux/Windows, релевантен сертификат ќе се смета за предност
  • Познавање на технологијата на виртуелни инфраструктури (Vmware)
 

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде