Vrabotuvanje.com - Стручно-комерцијален соработник - Скопје - MEDIKUS
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Стручно-комерцијален соработник

Скопје

Рок за пријавување:

  • MEDIKUS
  • Адреса: Христо Батанџиев 104Б, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.medikus.com.mk
 
 
 
 
МЕДИКУС дооел од Скопје е ексклузивен увозник на програмата од реномираниот производител на хербални производи ЕСИ од Италија, водечка компанија во Италија и во светот, присутна во 69 земји во светот, а во Македонија од 2003 година.
 
Распишува оглас за следната позиција
Стручно-комерцијален соработник 
 
 
За потребите на МЕДИКУС дооел Скопје, ексклузивен дистрибутер на италијанската компанија ЕСИ с.п.а. од Италија, бараме четири (4) Стручно комерцијални соработници (м/ж).
 
Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.
 
 
Одговорности:
  • Остварување на предвидениот план за продажба
  • Спроведување на предвидените маркетинг активности
  • Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи
  • Посета на лекари и фармацевти 
  • Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на конференции и семинари
  • Градење на добри релации со клиентите и репрезентирање на компанијата ЕСИ и производите
  • Поднесување на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион
 
Потребни квалификации:
  • Универзитетска диплома VII степен (фармацевтски факултет)
  • Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
  • Одлични организациски способности и вештини на планирање
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Одлично познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски
  • Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство
 
Профил на идеалниот кандидат:
  • Посветен на работата и реализација на зададените цели
  • Ориентиран кон резулати
  • Подготвен за учење, усовршување и надоградување
  • Подготвен за патување
  • Добар слушател и комуникативен
  • Лојален
  • Отворен, искрен и позитивен став
  • Тимски играч
 
Компанијата ќе ви овозможи:
  • Можности за градење на кариерата во успешна компанија која брзо расте
  • Интересна и динамична работна средина
  • Службен автомобил, мобилен
  • Конкурентен паричен надоместок соодветен на постигнатите резултати 
Во зависност од работното искуство, минималната предвидена нето плата за работносто место изнесува 24.000 денари.
 
Доколку сте комуникативни, сакате динамична работна средина во областа на маркетингот и комерцијата, преку која ќе бидат препознаени Вашите индивидуални и тимски карактеристики и сте подготвени за Ваше понатамошно лично и стручно усовршување, станете и Вие дел од тимот на МЕДИКУС..
 
Аплицирајте преку полето Брза Апликација најдоцна до 20,01,2019г, со доставување на резиме (кратка биографија) со фотографија, мотивациско писмо, уверение за завршено соодветно образование, како и копија од возачка дозвола
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде