Vrabotuvanje.com - Администратор/Асистент за финансии - Скопје - iSTYLE
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Администратор/Асистент за финансии

Скопје

Рок за пријавување:

  • iSTYLE

iSTYLE е водечки Apple Premium Reseller во Централна и Источна Европа. Преку своите 24 малопродажни објекти и онлајн продавници iSTYLE нуди комплетна понуда на Mac компјутери, iPod-и, iPad-и и iPhone-и, како и голем број на внимателно избрани портфолија за додатоци и софтвери.

Во нашите продавници можеме да ви ги претставиме најновите проиводи на Apple како и додатоци за нив, имате можност да присуствувате на презентации и разни видови на други случувања во врска со најновите технологии, имате можност за добивање на едукативни попусти, да купувате производи од нашиот асортиман на рати и да добиете секаков вид на подршка и сервис.
 
Доколку сте професионалец кој сака повеќе од својот Mac или студент кој бара најмодерна футрола за својот iPhone, луѓето во униформа ќе ви помогнат на професионален и потполно непристрасен начин при вашиот избор.

Администратор/Асистент за финансии

Потребни квалификации:
  • ВСС/ССС
  • Познавање на англиски јазик - Високо ниво
  • Работа со компјутери - (Microsoft Office, Macintosh OS) - Високо ниво
  • Претходно искуство во оддел на администрација или оддел за финансии
  • Познавање на ERP програма за сметководство ќе се смета како предност
 
 
Профил на личност:
  • Организираност и одговорност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови
 
 
 Одговорности на работната позиција:
  • Прием, евиденција и регистрација на влезни фактури
  • Издавање, испорака и регистрација на излезни фактури 
  • Евиденција на дневен промет
  • Наплата и побарување кон клиентите
  • Евиденција во Софтвер за финансиска регистрација на дневна основа
  • Усогласување со клиенти и нивен финансиски статус
  • Одржување на сите физички и електронски финансиски документи по хронолошки редослед
  • Врши сродни работи согласно потребите на Дирекцијата на која припаѓа.

Ние Ви нудиме одлични услови за работа и пријатна работна атмосфера.

Кандидатите потребно е да го достават своето CV (кратка биографија на македонски јазик со фотографија) преку полето Брза Апликација со насолов на позицијата за која аплицирате, на самото CV.

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде