Vrabotuvanje.com - Менаџер за продажба на клучни купувачи - Скопје - Скопје - Nelt ST
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за продажба на клучни купувачи - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • Nelt ST

Затоа што сте: 
Ентузијасти,
Професионални,
Посветени,
Ја сакате продажбата!
 
Бидете дел од Нелт СТ!
 
Вработуваме:
Менаџер за продажба на клучни купувачи - Скопје
 
 
Кои сме ние?

Нелт СТ e дел од Нелт Група, организациски систем со над 3700 вработени, во 11 компании на територија на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во регионот на потсахарска Африка - во Ангола, Замбија и Мозамбик.

Компанијата е основана во 1998 година со основна дејност - дистрибуција и трговија на големо со прехрамбени и непрехрамбени производи за широка потрошувачка. Наши партнери и клиенти се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, Ipek Kagit, Sebapharma, Filippo Berio, Sportex, Evropa, Skovin.

Опис на работната позиција:

  • Учествува во продажбата, применува и оценува заеднички бизнис планови со клиентите за да се постигне планираната продажба, испорака и цели кои се однесуваат на учеството на пазарот
  • Иницијатива за продажба на нови артикли 
  • Развивање на добар однос со клиентите од секое ниво
  • Развој и примена на креативен мерчендајзинг 
  • Управување со сите детали кои се однесуваат на секојдневното извршување на работата (на пример, планирање на обемот на продажбата, поврат, промени во цените, административни прашања)
  • Учество во програмите за обука и развој на вработените во улога на ментори и лидери на програмата
  • Комуникација со ланец на снабдување, сметководство и финансиски операции и останати сектори и одделенија во рамките на компанијата во врска со сите активности кои се составен дел на процесот на дистрибуцијата и се директно поврзани со нормалното функционирање на работата во КАМ каналот: состојба на залихи (редовни портфолио или специфични активности, изработка на финансиски документи и други)
  • Строга примена на условите и политиките за делување на пазарот
  • Претставување на работодавачот во најдобро светло, стандардни, професионални манири

Услови и компетенции:

  • Основни услови: ВСС 
  • Корпоративни компетенци: Професионалност, тимска работа, посветеност, иницијатива, победнички дух
  • Општи компетенци: Возачка дозвола Б категорија, одлично познавање на Microsoft Office, одлично познавање на англиски јазик
Што нудиме?
  • Одлична работна атмосфера
  • Можност за развој преку адекватни развојни планови и тренинг програми 
  • Унапредувања и движењето од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на балканот и на афричкиот континент
 
Доколку сакате да станете  дел од нашиот успешен и динамичен тим и сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до  25.01.2019 год.
 
За аплицирање на огласот пополнете ја електронската пријава на следниот линк:
или испратете го Вашето CV на 
Нелт СТ, ДООЕЛ
ул.32, бр.20,
1041 Илинден, Скопје
Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.
 
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде