Vrabotuvanje.com - Возач / Дистрибутер - Скопје - Анекс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Возач / Дистрибутер

Скопје

Рок за пријавување:

  • Анекс

Анекс е фирма за дистрибуција на производи за широка потрошувачка. Нашите партнери се меѓународни и домашни компании на кои сме им се докажале како квалитетен соработник. Со пратење на модерните трендови во трговијата и прометот на производи за широка потрошувачка, ориентирани сме на принципот активна комерцијала на терен и брз превоз на производите до купувачот. Со вкупно 38 вработени, ја покриваме целата територија на Р.Македонија. Ланци, хипермаркети, супермаркети, помали дуќани, трговци, аптеки се најважните канали за продажба на нашите производи и со самото тоа се наш фокус.
 
Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на позиција:
 
ВОЗАЧ/ДИСТРИБУТЕР
За дистрибуција на роба на територијата на град Скопје и Македонија
 


Потребни квалификации:

  • ССС 
  • Поседување на возачка дозвола Б - категорија, Ц - категорија ќе се смета за предност
  • Пожелно претходно работно искуство во дистрибуција
 
Одговорности и задачи:
  • Достава и земање на повраток роба
  • Одговорнорност за навремена и точна достава на робата до крајната цел
  • Одговорност за товарената и вратената роба во возилото
  • Одговорност за протокот на документација (фактури, повратници и сл.)
  • Грижа за техничката и хигиенската исправност на возилото
 
 
Вашата кратка биографија испратете ја преку полето Аплицирај.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор на селекција.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде