Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - Кола Логистика
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Кола Логистика

 
Врз основа на член 22 и член 23 од Закон за работните односи , Друштво за транспорт, трговија и услуги КОЛА ЛОГИСТИКА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со седиште на ул.,,Качанички пат,, бр.254, Визбегово, тел:02 2656-770, објавува оглас за вработување за работно место:
 
Магационер - 2 (два) извршители
на определено време од 1 (еден) месец со можност за продолжување
 
 
Услови за вршење на работа:
  • Средно стручно образование
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Една година работно искуство во областа ќе се смета за предност
 
Краток опис на работните обврски:
  • Организира и врши утовар и истовар на стоки, прима, пребројува по врсти и складира на одредено место  производи и стоки 
  • Контрола на хасап системот во делот на магацините; 
  • Составува извештај за пристигнатите производи-стоки на основа уредно извршен прием,  фактури и договори за набавка;
 
Работното време трае 40 часа неделно во работната недела. Прва смена работното време во понеделник започнува во 06:00 часот, а завршува во 13:00 часот, од вторник до петок работното време започнува во 07:00 часот, а завршува во 14:00 часот и во сабота работното време започнува во 07:00 часот до 12:00 часот. Втора смена работното време во понеделник започнува во 13:00 часот, а завршува во 21:00 часот и од вторник до петок работното време започнува во 13:30 часот до 21:30. 
 
Нето плата изнесува од  17.000,00 денари  до 27.000,00 денари.
 
Сите заинтересирани кандидати да испратат кратка биографија (CV) преку полето Брза Апликација во рок од 5 работни дена од 10.01.2019 година до 16.01.2019 година со назнака апликација за работно место Магационер.
 
Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од:
Доколку се пријавиле до 200 кандидати за работното место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување. 
 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде