Vrabotuvanje.com - Контролор за машински делови - Скопје - Свемек
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Контролор за машински делови

Скопје

Рок за пријавување:

  • Свемек
КОНТРОЛОР ЗА МАШИНСКИ ДЕЛОВИ
 
Свемек ДООЕЛ е производна компанија која е основана во 1978 год. и чија основна дејност е производство на машински делови по нацрт и по пат на сечење, стругање, дупчење, глодање и брусење. 
 
Дел од производите кои се изработуваат се: цилиндри, разводници, завртки и навртки, вентили, разводници и многу други производи по нацрт од клиентот во сериско и прототипно производство за намените на индустриите како што се: автомобилската, машиноградбата, транспортната, земјоделската, индустријата за пакување и др. 95% од производството е наменето за странскиот пазар: Германија, Унгарија и Шведска  

 

 

Должности и работни задачи:

  • Мерење на должински и геометриски мерки со помош на мерни инструменти како што се: подвижно мерило, микрометри за надворешно и внатрешно мерење, контролници за проверка на навој, контролни чепови, гранични мерила (еталони), компаратор и сл. како и визуелна контрола, према зададени барања во технички цртеж и/или технолошко пропратна документација
  • Контрола во меѓуфазна изработка на деловите - проверка на прво добро парче од сериското/прототипно производство и следење на процесот за време на сериско производство и завршна контрола на деловите
  • Основно превентивно одржување на мерната опрема, издавање на истата и известување во случаи на нивна неисправност/дефект
  • Управување со интерна документација во писмена и електронска форма односно создавање, пополнување и ажурирање на документација поврзана со контрола на машинските делови и процесот на управување со мерната опрема
  • Контрола на влез/излез на роба во форма на суров материјал и услуги за производи извршени од коминтенти 
  • Одржување на чист, организиран и безбеден работен простор према зададени писмени инструкции
  • Задолжително носење на ХТЗ опрема за безбедност и здравје при работа


Барани вештини/компетенции:

  • Строго познавање, читање и разбирање на технички цртеж
  • Придржување кон писмени или усмени работни инструкции и технолошко-пропратна документација
  • Уредно, точно и навремено пополнување на тековна документација 
  • Основни познавања од работа со компјутер
  • Основно познавање на работата со ЦНЦ стругарски/глодачки центар
  • Препознавање на мерните инструменти и нивно правилно користење според карактеристиките кои се бараат во техничкиот цртеж/пропратна документација
  • Способност и желба за самостојно решавање на стручни практични проблеми при мерењето на деловите


Потребни карактерни особини:

  • Кандидатот да биде крајно дисциплиниран во извршувањето на работните задачи
  • Одговорен во управувањето со опремата, документацијата и совесен како неговите одлуки би влијаеле во процесот на производство 
  • Авторитетен, објективен, самостоен, да не потпаѓа под туѓи влијанија
  • Самоиницијатива за постигнување на личен раст и тимско залагање


Квалификација (степен и вид на образование):

  • Средна стручна подготовка (во областа на машинството) или високо стручна подготовка (машински инженер)


Што нудиме:

  • Работа во една смена 
  • Колективен годишен одмор 
  • Прекувремена платена работа 
  • Почетна плата: од 18,000ден. до 27,000ден. во зависност од квалификациите/компетенциите на кандидатот
  • Секој кандидат без разлика на приложеното искуство во работата му следи интерна обука спроведена од раководството и истата е под супервизија на соодветен искусен кадар назначен од фирмата
  • Платен почетен пробен период од еден месец за адаптирање и запознавање со работните должности 


Кандидатите со минимално искуство во работата од 2 години ќе имаат предност пред останатите кандидати, исто така кандидатите кои имаат работено на ЦНЦ глодалка/струг со искуство во работата од 2 години ќе бидат земени во обзир.

Ги охрабруваме и оние кои имаат минимално работно искуство со работата или сметаат дека имаат цврсто познавање и можат да одговорат на горенаведените точки да аплицираат за вработување.

 

Вашите биографии можете да ги испратите електронски преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде