Vrabotuvanje.com - Модератори и Супервизори - Територија на Р.Македонија - Vrabotuvanje.com за клиентот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Модератори и Супервизори

Територија на Р.Македонија

Рок за пријавување:

Работодавач: Vrabotuvanje.com за клиентот

Вработување. Ком за потребите на својот клиент, Агенцијата Grey Worldwide има потреба од модератори и супервизори за реализирање на училишната едукативна програма од областа на личната хигиена и здравјето.
 
Услови:
  • Модератори (предавачи) од  Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Неготино, Кавадарци, Велес,  Штип, Гевгелија, Струмица , Радовиш, Виница, Кочани, Прилеп, Битола и Охрид. 
  • Тимски соработници со истакнати комуникациски и организациски способности, педагошки вештини и со пријатен пристап. 
  • Предност имаат кандидатите со завршено средно медицинско образование и оние кои имаат можност за патување.
  • Задолжителна диплома од една од следните области: медицина, педагогија, биологија, психологија, социологија.
  • Кандидати за модератори можат да бидат и студенти од завршната година од додипломските студии.
  • За кандидатите од Тетово, Гостивар, Куманово и Скопје (дел), неопходно е познавање на албанскиот и македонскиот јазик. 
  • Работно искуство
  • Предност имаат кандидатите со искуство во образовната и здравствената дејност, како и кандидатите кои претходно имаат работно искуство со Агенцијата.
 
Опис на дејноста
  • Организација и одржување на  предавања од областа „Лична хигиена и здравје” пред девојчињата од основните училишта во претходно утврдени области на делување.
  • Иницирање  и одржување на  соодветна релација со училишните авторитети на локално ниво.
  • Собирање на информации на терен и обработка на истите во форма на неделни извештаи.
 
Можности
  • Можност да работите за исклучително важна компанија, притоа имајќи ја главната улога во едукативниот процес на младите.
 
Како да аплицирате?
Испратете автобиографија (CV) и фотографија преку полето Брза Апликација со назнака за училишната едукативна програма Always
Краен рок за аплицирање е 21.01.2019 година
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде