Vrabotuvanje.com - Стручен Соработник/Медицински претставник - Ул.Васил Стефановски бр.26А, Центар – Скопје - СОЛВИС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Стручен Соработник/Медицински претставник

Ул.Васил Стефановски бр.26А, Центар – Скопје

Рок за пријавување:

  • СОЛВИС ДОО

СОЛВИС ДОО Гевгелија е ексклузивен увозник на програмата од реномираниот производител на дермокозметика и медицински помагала ISTITUTO GANASSINI од Милано Италија и Epsilon Health Greece, присутна во 80 земји во светот на сите континенти, а во Македонија од 2012 година.

 
Во моментов имаме потреба од следнава работна позиција:
 

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК/МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК​

2 (двајца) извршители​

 
Од избраните кандидати се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.
 

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома VII степен (фармацевтски факултет, медицински факултет, стоматолошки факултет)
  • Работно познавање на MS office пакетот
  • Одлични организациски способности и вештини на планирање
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Одлично познавање и говорење на Англиски јазик
  • Валидна возачка дозвола Б-категорија (искусен возач)
  • Претходно искуство како медицински преставник ќе се смета за предност

Профил на идеалниот кандидат:

  • Лојална и посветена личност
  • Самоиницијативност во реализација на зададените цели
  • Ориентиран кон резултати
  • Подготвен за учење, усовршување и надоградување
  • Подготвен за патување
  • Отворен, искрен и позитивен став
  • Тимски играч

Одговорности:

  • Реализација на предвидениот план за продажба
  • Спроведување на предвидените маркетинг активности
  • Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи
  • Посета на лекари и фармацевти 
  • Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на конференции и семинари
  • Градење на добри релации со клиентите и претставување на компанијата СОЛВИС
  • Припрема на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион

Ние нудиме:

  • Можности за градење на кариерата во успешна компанија која брзо расте
  • Интересна и динамична работна средина
  • Службен автомобил, мобилен
  • Конкурентен паричен надоместок соодветен на постигнатите резултати  

Доколку сте комуникативни, сакате динамична работна средина во областа на маркетингот и комерцијата, преку која ќе бидат препознаени Вашите индивидуални и тимски карактеристики и сте подготвени за Ваше понатамошно лично и стручно усовршување, Ве покануваме да станете и Вие дел од тимот на СОЛВИС.

Испратете ги Вашето резиме (кратка биографија) со фотографија на македонски и англиски јазик, мотивациско писмо, уверение за завршено соодветно образование, како и копија од возачката дозвола, електронски преку полето Брза Апликација.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде