Vrabotuvanje.com - Магацински работник - Скопје - Даниел Руцхти ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Магацински работник

Скопје

Рок за пријавување:

  • Даниел Руцхти ДООЕЛ

Друштвото Даниел Руцхти ДООЕЛ Скопје е Швајцарска компанија која е една од водечките компании во регионот во делот на производство на ПВЦ и Дрвени прозори и врати, чии прозводи се исклучиво наменети за Швајцарскиот и западниот пазар. Друштвото се наоѓа во индустриска зона Визбегово, на 5 км од центарот на Скопје и брои 90 работници. 
Се работи со современи машини и во простран погон.

Магацински Работник

Одговорности и задачи на магацинскиот работник ќе бидат: 

  • Истоварање и складирање на стока при прием во магацинот
  • Издавање на стока од магацинот во производство
  • Евиденција на стоки, материјали и амбалажа (Организира и спроведува водење на секојдневна евиденција на влезни и излезни стоки и материјали во магацините. Гарантира точно пребројување и евидентирање на стоки при утовар, истовар и издавање на стоки и материјали.
  • Управување со податоци и документација (Ги контролира исправноста на документацијата што се прима во магацините и квалитетот на документите што се подготвуваат и издаваат од страна на магацините и обезбедува  отстранување на сите утврдени неправилности
  • Товарање на стока во возила за транспорт
  • Одржување на ред и хигиена во магацинот
  • Подготвува неделни, месечни и годишни извештаи за состојбата со залихите во магацините и вкупна залиха во Централните магацини по видови артикли, растур и кало, со вкупно и поединечно салдо по поединечни магацини.)
  • Почитување на правилата и процедурите во работењето
  • Управување со вилјушкар

 

Личен профил:

  • Вредна и одговорна личност
  • Подготвеност за тимска работа

 

Потребни квалификации за работното место Магацински работник се:

  • Минимум ССС образование
  • Претходно работно искуство во магацинско работење
  • Возачка дозвола Б или Ц категорија
  • Пожелно е искуство со управување со вилјушкар. Доколку нема искуство ќе биде обезбедена обука

Доколку сте заинтересирани да станете дел од овој тим направете разлика и пријавете се.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да го достават своето CV преку полето Аплицирај.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде