Vrabotuvanje.com - Проектен менаџер (м/ж) - Скопје - КИНГ ИЦТ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Проектен менаџер (м/ж)

Скопје

Рок за пријавување:

  • КИНГ ИЦТ ДООЕЛ

КИНГ ИЦТ е еден од водечките ИТ интегратори во регионот. Својата позиција на пазарот и развој ги градиме преку создавање на деловни вредности за нашите клиенти преку исклучително познавање на деловните процеси на своите корисници и широка палета на врвни експерти од областа на ИТ технологијата.
Бараме мотивирани и самостојни личности со искуство исполнето со успешно и квалитетно завршени проекти, како и задоволни клиенти. 

За дополнување на нашиот тим, бараме:

ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР (м/ж)

Што ќе работите?

 

  • ​Ќе управувате со проекти низ сите фази, од иницијација до финална испорака
  • Ќе изработувате планови за реализирање на проекти и финансиски планови 
  • Ќе доделувате и запазувате приоритети на проектни целини и ќе ги исполнувате целите на проектот 
  • Ќе ја организирате работата на проектниот тим, ќе учествувате во избор на нови колеги, како и во развојот на компетенциите на тимот 
  • Ќе комуницирате со клиентите за сите проектни прашања и на сите нивоа 
  • Ќе го известувате спонзорот на проектот и повисокиот менаџмент за статусот на проектот 
  • Ќе бидете вклучени во процесот на продажба, препознавањето на можности и проценки на ризик 
  • Ќе бидете одговорни за финансиските резултати на проектот, ќе управувате со приходите и расходите, како и со контролата на интерните трошоци 
  • Ќе управувате со проектната документација​
     

Што очекуваме?

 

  • ​Високо образование 
  • Најмалку две години искуство во водење на софтверски и/или интеграциски проекти 
  • Основно познавање на процесот на јавни набавки, процесот на нарачување и фактурирање на роба и услуги, како и следење на проектни финасии 
  • Познавање на најдобри пракси и процеси 
  • Самостојност и превземање на одговорност за резултатите 
  • Организациски и комуникациски вештини
     

Што сметаме за предност?

 

  • ​Поседување на PMP или PMI–ACP сертификат
  • Работно искуство во останати технички или деловни улоги на проекти за имплементација на софтверски и систем интеграторски решенија 
  • Познавање на агилни методологии на работа 
  • Познавање на англиски јазик 
  • Возачка дозвола Б категорија

Што нудиме?

 

  • ​Работа со познати клиенти од приватниот и јавниот сектор на единствени проекти кои го дигитализираат нашето општество и ги поедноставуваат секојдневните процеси 
  • Континуирано стручно усовршување и сертифицирање, присуство на конференции 
  • Флексибилно работно време 
  • Пријатна работна средина 
  • Можност за ангажман на меѓународни проекти надвор од границите на РМ


Доколку сето ова Ви звучи привлечно, а истовремено сте проактивна и високо мотивирана личност, брзо учите и спремни сте за тимска работа, испратете ни ја Вашата професионална биографија преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде