Vrabotuvanje.com - Бизнис аналитичар за развој на деловен софтвер - Скопје - Corvus Info
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бизнис аналитичар за развој на деловен софтвер

Скопје

Рок за пријавување:

  • Corvus Info

 

За нас

Corvus Info дооел Скопје е дел од M SAN групацијата со седиште во Загреб, Република Хрватска. Компанијата е лоцирана во Загреб и Скопје, каде моментално работат над 50 вработени. Повеќе инфо за нас: www.corvus-info.com/mk/.

Имаме повеќегодишно искуство со комплексни софтверски решенија, еCommerce решенија, платежни решенија итн. Работиме на домашни, регионални и интернационални проекти. Произведуваме софтвер согласно потребите на нашите клиенти, базиран на SAP, JAVA и .NET технологии. Константно учиме, применуваме, се развиваме и се подобруваме.


Corvus Info вработува:

БИЗНИС АНАЛИТИЧАР ЗА РАЗВОЈ НА ДЕЛОВЕН СОФТВЕР

 

 

За потенцијалните колеги
 
Потребни ни се мотивирани и иновативни луѓе за бизнис аналитика за развој на квалитетен софтвер. Луѓе кои сакаат динамична работа со клиенти и писменото  изразување не им е проблем. Луѓе кои можат да создадат баланс помеѓу барањата на клиентите и нашиот програмерски тим и кои можат да ја прераснат идејата во квалитетно софтверско решение.
 

Секојдневни активности:

  • Комуникација со клиентите, воспоставување и градење професионален однос со истите;
  • Темелна анализа, прецизно дефинирање и јасно документирање на корисничките барања;
  • Моделирање на деловни процеси;
  • Визуелизација и концептирање на решенија;
  • Изработка на функционална спецификација и останати проектни документи;
  • Координирање, делегирање и давање насоки на програмерскиот тим во текот на реализацијата на проектите;
  • Организација и приоритетизација на развојните активности и задачи;
  • Проактивно следење на целиот животен циклус на решението (од идеја до конечна реализација и продукција на системите);
  • Отворена и тимска соработка со проектниот тим;

Вештини на идеалниот кандидат:

  • Аналитичко размислување и решавање на проблеми: поставување на важни прашања, лесно процесирање на информации од различни извори, разграничување битно од небитно, предложување идеи и концепти, флексибилност при донесување одлуки.
  • Комуникациски и презентациски вештини: активно слушање на соговорниците и презентирање на решенијата, концептите, плановите итн. Концизно и аргументирано бранење на своите идеи. 
  • Работа со луѓе и решавање на конфликти: Медијатор помеѓу две спротивставени страни . Преземање иницијатива и насочување кон решавање проблем. Професионален однос и комуникација со различен тип / карактер / профил на клиенти и колеги.
  • Организациски вештини: Добро управување со време и одредување приоритети.
  • Задолжително е познавање на англиски јазик (пишување и зборување), работа со MS Office алати и деловен бон тон.

Дополнителни работи кои би оделе во прилог:

  • Завршено високо образование од областа на компјутерските науки или релевантна област
  • Барем 1 година искуство во подрачјето на деловната анализа за ИТ решенија
  • Искуство со моделирање на комплексни деловни процеси
  • Искуство со пишување на комплексни функционални спецификации (лесно разбирливи и читливи) 
  • Возачка дозвола 
  • Познавање на процес на создавање на софтверско решение

Што нудиме ние:

  • Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух
  • Конкурентен финансиски надоместок
  • Вработување на неопределен период
  • Професионален и личен развој
  • Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции
  • Работа на домашни, регионални и интернационални проекти
  • Тим билдинг и редовна тимска дружба
 

 

 

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, Ве молиме вашата професионална биографија (CV)
​ испратете ја преку полето Аплицирај.
 

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде