Vrabotuvanje.com - Електро техничари - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електро техничари

Куманово

Рок за пријавување:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д

ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска претставува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивнасоодветнаантикорозивназаштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.

 

Електро техничари 5 извршители

 
Задолжително е пријавените кандидати за позиција 3 да ги исполнуваат следните услови:
  • Завршено средно образование (електро техничар)
  • Со работно искуство од најмалку 3 години
 
Работни задачи:
  • Ја организира работата на група одрчувачи на капацитети, крановите, транспортните средства и возилата
  • Самоиницијативно пристапува кон отклонување на кварови и осбособен е за самостојно, брзо и ефикасно отклонување на најсложени кварови на машини и уреди, крановите,транспортните средства и возилата
  • Учествува во вршење на средни поправки и генерални ремонти на капацитетите,
  • За секој застој и начинот на отклонување и уградените делови секојдневно води евиденција и ја доставува до одговорниот сменски одржувач,
  • Врши и други работни задачи од својата стручност, по налог на претпоставениот раководител.
 

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност 
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичност

Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за вештините ако поседува

Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени преку полето Брза Апликација или на адреса:  11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака "за оглас за вработување за Електро техничари” .

Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид. 

Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање. 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде