Vrabotuvanje.com - Аналитичар во ОЕ Економика и финансии - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Аналитичар во ОЕ Економика и финансии

Куманово

Рок за пријавување:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д

ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска претставува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита, со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.

 

Аналитичар во ОЕ Економика и финансии 1извршител 

 
Задолжително е пријавените кандидати за оваа позиција да ги исполнуваат следните услови:
  • Средно образование (ССП економски техничар, гимназија)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на MS Office
 
Работни задачи:
  • Работи односно работни задачи
  • Врши контирање на книговодствени документи врз основа на разработен сметководствен план
  • Врши претходна контрола на налози за книжење и податоците преку терминал ги внесува во системот за ЕОП
  • Врши исправка на контролни листи и истите ги книжи
  • Врши анализа и затварање на книговодствени картици
  • Учествува во изработки на периодични пресметки и годишни  сметки
  • Врши анализа и затварање на книговодствени картици
  • Ги евидентира основните средства и сите промени кои  настануваат во врска со нив
  • Изготвува пописна листа за основни средства
  • Води евиденција за материјалите во количински и вредносни показатели
  • Составува разни прегледи за состојбата на залихи
  • Изготвува пописни листи на залихи 
  • Врши и други работни задачи, од својата стручност, по налог на претпоставениот

Од кандидатите за бараните позиции се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност 
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичност

Заинтересираните кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за вештините ако поседува


Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот и истите треба да бидат испратени преку полето Брза Апликација, или на адреса:  11 Ноември 87 А, Куманово, со назнака за оглас за вработување за Аналитичар во ОЕ Економика и финансии или доколку документите се по е-маил истото да биде наведено во subject line.  

Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид. 

Врз основа на прегледаните документи, кандидатите кои што ги исполнуваат условите и ги доставиле бараните документи ќе бидат повикани на интервју и тестирање. 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде