Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - АДРИАМЕД ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • АДРИАМЕД ДОО

АДРИАМЕД ДОО е основана во 1993 година и својот конечен облик како веледрогерија го добива на 14 Мај 1998 година.

Основната дејност на фирмата е големопродажба и пласман на дијагностички реагенси и сервисна поддршка  на дијагностичка опрема за лаборатории во јавните, приватните и здравствени установи.
 
АДРИАМЕД ДОО е официјален и единствен претставник и дистрибутер за Република Македонија за Roche Diagnostics (професионална дијагностика), Roche Diabetes – Basel, Nihon Kohden – Japan, Ameda Labordiagnostic GmbH – Австрија, UEBE- Германија.
 

Магационер

 
 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Прием и складирање на производи во магацин во кординација со одговорно лице
  • Подготовка на производи за испорака 
  • Достава на производи
  • Достава на документи
  • По потреба превземање и транспорт на роба од царински склад
  • Активно учестување во контролирање на залихите на производите во магацинот и нивната состојба и салдирање
  • Дополнителни работни обврски предвидени со описот и пописот на работното место

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Развиени способности за самостојна и тимска работа;
  • Развиени комуникациски вештини;
  • Работа под притисок, одговорност;
  • Организираност, аналитичност упорност и енергичност;
  • Способност за работа во динамично опкружување и работа со крајни рокови;
  • Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци.
  • Проактивност,
  • Добри моторички способности
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • ССС
  • Одлично познавање на работа на компјутер (MS Office, Outlook);
  • Многу добро познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
  • Предност ќе имаат кандидатите на возраст до 30 години
  • Задолжително поседување на возачка дозвола – Б категорија, активен возач​

Ние нудиме:

  • Работниот однос ќе се заснова на определено време со можност за продолжување на неопределено
  • Плата по договор
  • Работно време од понеделник до петок од 7:30 до 15:30, во деловните простории во Скопје
 
 
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете Ваша апликација со Професионална биографија
​електронски преку полето Брза Апликација.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде