Vrabotuvanje.com - Специјалист за поддршка на IT системи - Скопје - ЕВН Македонија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за поддршка на IT системи

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕВН Македонија

 
ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ е дел од EVN групацијата чија главна дејност е снабдување со електрична енергија. Статусот на стабилен и долгорочен партнер кај корисниците го постигнуваме со поставување на највисоки стандарди за квалитет за нашите продукти и услуги по конкурентни и фер цени. 

  
За потребите на групата Маркетинг и Продукт менаџмент, бараме: 
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПОДДРШКА на IT СИСТЕМИ (М/Ж) 
 

 
Работни задачи и активности  
  • Подготовка на технички барања и спецификации за имплементација на ИТ решенија за ЕВН Македонија Електроснабдување  Дизајнирање и имплементација на автоматизација на процеси во ЦРМ и базата на податоци на компанијата 
  • Бизнис администрација на ЦРМ системот 
  • Обучување на вработените за користење на системските решенија   
  • Сегментација на корисници и имплементација на сегментацијата   
  • Обезбедување поддршка на при: Анализа, развој и структура на продуктите и цените, развој и имплеметација на ценовна политика, планирање на поддршка, управување со продажно портфолио, анализа и истражување на пазарот на крајни корисници, анализа на конкуренција, обука на менаџерите за клучни и бизнис корисници, извештаи за пазарот, подготовка на податоци за планирање и известување.  

Потребни компетенции 
  • Високо образование - електротехничко или информатичко   
  • Одлично познавање на англиски јазик 
  • Одлично познавање на SQL, Oracle ќе се смета за предност 
  • Основни познавања на структурата на податоците од енергетиката (податоци од броила, билинг и сл.) 
  • Основни познавања од областа на Проектен и процесен менаџмент   
  • Основни познавања на економија, финансии и статистика во енергетиката, ќе се сметаат за предност   
  • Познавање на Groovy (java) или R, како искуство со ЦРМ системи, истотака ќе се смета за предност 
  • Отвореност и комуникативност
  • Флексибилност и позитивен став
  • Одговорност и тимска работа
  • Аналитичност 
  • Способност за ефикасна работа во кратки рокови
 
Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија Снабдување, на jobs@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо, или пополнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 21.03.2019. 
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување  
 
ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.  
 
Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!  

 
ЕВН Македонија, Оддел за човечки ресурси
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде