Vrabotuvanje.com - Ѕидаро-тесари - мајстори КВ или ВКВ - Скопје - Вардарградба ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ѕидаро-тесари - мајстори КВ или ВКВ

Скопје

Рок за пријавување:

  • Вардарградба ДОО Скопје
  • Адреса: н.м.Трубарево ул.1 бр. 2А, 1000 Скопје

 

ВАРДАРГРАДБА ДОО, Скопје е трговско друштво за производство, проектирање и инжинеринг со седиште во с.Трубарево - Скопје. Основна дејност на фирмата е изведба на хидро-градежни објекти и објекти од висока градба како и производство и продажба на градежни производи (песок,бетон, арматура). Во текот на овие години има учествувано на многу проекти и изградено преку 90 објекти насекаде низ нашата земја, каде како Инвеститори се јавувале Владата на РМ преку нејзините ресорни Министерства, Општините и странски земји и организации преку нивните донации (OBSE,EAR,UNDP). Располагаме со соодветна градежна опрема и механизација и алати како и со стручен кадар кој ни овозможува навремено, квалитетно и професионално да одговориме на нашите обврски. Во фирмата од нејзиното основање па до денес бројот на вработените се повеќе се зголемува, соодветно на проширувањето и развојот на фирмата.

Ѕидаро-тесари - мајстори КВ или ВКВ
​(5 извршители)


Опис на работно место

  • Врши ѕидарски, бетонски и тесарски работи согласно проектна документација, врши демонтажа на оплата и разупирачи како и други работи дадени од Раководителот на градилиште; работа на терен.

Личен профил:

  • Комуникативност, организираност и одговорност 
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Флексибилност за работа на терен

 

Вашите пријави испратете ги преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде