Vrabotuvanje.com - Специјалист за ИТ поддршка - Скопје - Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за ИТ поддршка

Скопје

Рок за пријавување:

  • Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
 
 
 
 
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
 
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата
 
 
Специјалист за ИТ поддршка 
 
 
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници и вработени.
 
 
Позицијата вклучува:
  • Учествува во планирање и спроведување на планот за експанзија на филијали (вклучувајќи и поврзување и каблирање);
  • Учествува во планирање и спроведување на нови софтверски решенија;
  • Учествува во тестирање на планот за обновување при катастрофи;
  • Да биде контакт лице за сите ИТ поврзани теми во компанијата;
  • Да процесира и решава проблеми пријавени од вработени и клиенти;
  • Подготовка на работна средина за вработени (компјутер, принтер, софтвер и сл.);
  • Соработува и ги води процесите со локални и интернационални партнери.
 
Профил на кандидат:
  • Релевантно искуство од најмалку 2 години на слична позиција
  • Познавање на ИТ оперативни системи, Windows, MS Office, Active Directory
  • Познавање на ИТ инфтраструктури и мрежи (LAN, WAN, основна конфигурација на рутери, IP телефонија)
  • Практично искуство во инсталирање на хардвер и софтвер
  • Познавање на англиски јазик е задолжително
  • Одлично управување со време и процеси и ориентираност кон резултати
 
Услови од компанијата:
  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка финтек компанија
 
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Брза Апликација.
 
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат. 
 
Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 6 месеци од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
 
 
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде