Vrabotuvanje.com - Агент за грижа за корисници (Италијански јазик) - Скопје - Lycamobile
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Агент за грижа за корисници (Италијански јазик)

Скопје

Рок за пријавување:

  • Lycamobile

 
Мисијата на Lycamobile е да ги поврзе пријателите и семејството околу целиот свет. Како најголем меѓународен мобилен виртуелен мрежен оператор (MVNO), Lycamobile обезбедува ниска цена, интернет со висок квалитет и говорни услуги за повеќе од 15 милиони корисници во 22 земји. Со самото проширување нуди широк спектар на финансиски и туристички услуги, вклучувајќи ги и Lycamoney и Lycafly, кои им помагаат на луѓето да контактираат преку границите.

Како резултат на проширување на нашите деловни операции, во потрага сме по членови на тимот за Грижа за корисници на позицијата:
 

Агент за грижа за корисници
(Италијански јазик)


Главни одговорности:

Отварање на кориснички акаунти преку внес на кориснички податоци, како и ажурирање на истите
Поддршка на корисници во врска со забелешки, поплаки, барања, проблеми, прашања, билинг евиденција
Решавање на проблеми во врска со продуктот или услугите преку разјаснување на забелешки од корисници, детерминирање на причини за проблемот, овозможување корекции и следење со цел решение на проблемот
Привлекување потенцијални корисници преку одговарање на прашања и презентирање на сервисни услуги за продуктот
Информирање на корисниците во врска со тековни промоции и зделки

Клучни способности:

Течно говорење на Италијански јазик
Одлични комуникациски и вербални способности
Желба за поддршка на корисници преку телефон
Способност за работа под притисок
Способност за решавање на проблеми на корисници ефикасно, брзо и смирено

Нашата понуда:

Работа во нова динамична средина, полна со интересни предизвици и можности за развој во секторот Телекомуникации
Конкурентна плата и останати бенефиции
Почеток со работа – веднаш
 
 
Доколку се гледате себеси во наведениот профил на кандидат Ве охрабруваме да ја испратите вашата кратка биографија на следната е-маил адреса: Hr@lycamobile.mk, со назнака „За Агент за грижа за корисници„
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде