Vrabotuvanje.com - Kомерцијалист за извоз - Скопје - АД ЕВРОПА Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Kомерцијалист за извоз

Скопје

Рок за пријавување:

AД Европа: Слатка бајка на вкусови кои гарантираат уживање

Уживајте во вкусот кој ги поминува границите и ги надминува вашите очекувања

AД Европа е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со продажба на своите производи на странски и домашен пазар.

АД ЕВРОПА објавува оглас за работно место 

KОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ИЗВОЗ​

 


Работни задачи:

  • ​Планирање и организирање на продажни активности со купувачи од странски пазар
  • Изработка на потребна документација за извоз (фактури, изјави, декларации и сл)
  • Доставување на понуди до купувачи  и постојана комуникација со купувачи и соработници од странски пазар
  • Известување на купувачи од странски пазар за договорени акции и редовно следење на ефектите од истите
  • Дефинирање на годишен маркетинг план и активација (артикли на промоција) за странски пазар
  • Дефинирање на Must have list по тип на објекти за сите категории
  • Shelf share на примарна позиција и планограм
  • Месечна Smart цел – иницијатива

Потребни квалификации:

  • ​ВСС (VII/1степен) Економски факултет
  • Напредно познавање на МS Office, Internet
  • Напредно познавање на англиски јазик
  • Високо развиени комуникациски, преговарачки и презентациски вештини
  • Висока способност за вербално и писмено изразување
  • Развиени организациски способности, способности за планирање и развиено аналитичко размислување
  • Флексибилност за работа на терен
  • Прецизност, точност и посветеност на работата
  • Способност за тимска работа
  • Работно искуство во продажба ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач)

Компанијата нуди:

  • Можност за вработување на неопределено време
  • Можност за стручно усовршување
  • Можност да ја развивате својата кариера во една добро позната компанија со долгогодишна традиција
  • Динамична работа во професионално окружување
  • Редовни месечни примања, надоместоци и бенефиции 
 

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју и тестирање.
Сите заинтересирани кандидати своите биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.​

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде