Vrabotuvanje.com - Sales specialist - Скопје - Nova Office
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Nova Office


 

 
Nova Office, како брзорастечка и иновативна компанија која нуди канцелариски решенија, нуди вработување на следната позиција: 
 
SALES SPECIALIST
 
Како иден продажен менаџер, ќе бидете обучени, а потоа и вклучени во процес на продажба на деловни корисници, претпријатија, кои имаат потреба од нашите производи и услуги. Работата ќе ја изведувате во нашите канцеларии, со посети на потенцијални клиенти заради одржување деловни состаноци. 
 
За подетални информации посетете ја страната www.novaoffice.mk 
 
 
Краток опис на активностите:
  • Користење постоечка мрежа на контакти за создавање нови деловни партнерства
  • Анализа на постоечките клиенти
  • Одржување состаноци со потенцијални клиенти
  • Креирање и управување со портфолио од клиентите
  • Одржување и продлабочување на односите со клиентите
  • Достигнување продажни цели 
  • Административни активности (деловна коресподенција, извештаи)
 
Потребни вештини:
  • Професионален однос кон работата, клиентите и членовите на тимот
  • Самодоверба, тактичност и убедливост 
  • Комуникациски вештини 
  • Организациски вештини
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на Microsoft Office апликации
 
Документи за аплицирање:
  • CV (со вметната фотографија)
 
Аплицирање:
1. Документите за аплицирање треба да ги доставите по е-пошта преку полето Брза Апликација, не подоцна од 20 дена од денот на објавувањето на ова известување.
 
2. Избраните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју во термин кој дополнително ќе биде утврден на кој ќе добиете детален опис на активностите кои ќе Ви бидат доверени како и процедурите кои ќе треба да ги следите.
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде