Vrabotuvanje.com - Менаџер за продажба – нова продажна дивизија - Скопје - Мако Маркет
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за продажба – нова продажна дивизија

Скопје

Рок за пријавување:

  • Мако Маркет
Друштвото МАКО МАРКЕТ ДОО Скопје има потреба од
Менаџер за продажба – нова продажна дивизија (“food division”)
 
 
Клучни работни обврски:
  • Управување, планирање, развој, организација и контрола на работењето на новата продажна дивизија,
  • Развој на системи, процеси и процедури за работењето,
  • Учество во анализа, евалуација на потенцијалот на пазарот и стратегија за настап на пазарот
  • Селекција на портфолио,
  • Подготовка на план за продажба и буџет, како и следење на нивното спроведување,
  • Учество во регрутирање и градење на продажниот тим,
  • Управување со вработените во дивизијата, поставување на цели и следење на нивното спроведување,
  • Менторство и развој на вработените,
  • Давање предлози и одлучување во рамки на доделени овластувања,
  • Градење и одржување на релации со добавувачите и купувачите на друштвото и унапредување на продажната мрежа,
  • Посети на клиенти и мониторинг на продажни места,
  • Изработка на извештаи,
  • Застапување на интересите на компанијата во деловните кругови
 
Потребни квалификации:
  • Високо образование соодветно за позицијата,
  • Магистратура или МБА за економија или менаџмент ќе се смета за предност,
  • Работно искуство од минимум 5 години на раководна функција во областа продажба (сегмент индустрија за стоки за широка потрошувачка - FMCG),
  • Напредна употреба на Англиски јазик;
  • Одлично познавање на МS Office,
  • Напредни аналитички вештини,
  • Возачка дозвола Б категорија,
  • Искуство во управување со тим, 
  • Искуство во пренос на знаење (обуки) и презентациски вештини ќе се сметаат за предност,
  • Поседува фокус кон клиентите,
  • Поседува силни комуникациски вештини и висока емоционална и социјална интелигенција,
  • Ориентираност кон резултати и решенија,
  • Поседување позитивен дух, ентузијазам и усогласеност со вредностите на компанијата
 
Компанијата нуди одлични можности за развој и надградување преку интерна академија за знаење и лидерство, и има силни корпоративни вредности.
 
 

Писмото за мотивација и кратка биографија (CV) да се достават преку полето 
Брза Апликација најдоцна до 22.04.2019 година.

По извршена селекција само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде