Vrabotuvanje.com - СМТ ТЕХНИЧАР - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group

 
Откако компанијата КОСТАЛ беше основана во 1912 година во Луденшајд, Германија, воведовме иновации во комбинација со бескомпромисен квалитет. Преку овој пристап, поминавме долг пат во последните 100 години. Денес сме еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Со нашиот најнов објект во Охрид, Македонија лоцирани сме во вкупно  21 земја каде што работиме со повеќе од 20.000 вработени кои ги снабдуваат сите поголеми производители на автомобили на 5 континенти. Погонот во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас како што е за нас дека работите континуирано напредуваат - технологијата околу вашите лични вештини, вашите можности за кариера и баланс во вашиот работен живот и задоволството од работата? Со нас, можете да направите разлика во сите овие области.
 
Дали барате возбудлива и предизвикувачка можност?
 
 
По успешното започнување на фабриката во Охрид, КОСТАЛ е отворен за соработка  има потреба од СМТ ТЕХНИЧАР да се приклучи на нашиот тим за одржување.
 
Должностите на СМТ техничарот ќе вклучуваат но нема да се ограничени на планирање и извршување на сите нивоа на превентивно и предвидливо одржување. Решавање секојдневни проблеми со функционалноста на опремата, оперативни прашања како да се минимизира времето на застој, развивање на решенија за да се намали повторната појава на проблеми со машините. Дефинирање и управување со резервни делови и потрошни делови, како и контрола на процесите за новата и постоечката опрема.
Идеалниот кандидат би бил дипломиран машински или електро инженер.
 
 
Потребните компетенции и искуство вклучуваат:
  • Искуството со СМТопрема ќе се смета за предност
  • Познавање на електричните шеми
  • Развиени способности за решавање на механични приблеми
  • Познавање на MS Office, E-Mail - Outlook апликациите, напредни знаења ќе се сметаат за значителна предност;
  • Прецизно забележувње на нумерираните детали
  • Силни аналитички вештини и способности за детектирање и  решавање на проблеми
  • Познавање на SAP или други MES системи ќе се смета за предност
  • Само-мотивиран поединец со одлични комуникациски вештини
  • Способност за работа со рокови под притисок
  • Организациски и тимски менаџмент вештини
  • Тимски играч, проактивен, добро мотивиран
  • Позицијата бара лицето да биде флексибилно во работното време и да работи во три смени
  • Задолжително познавање на Македонски и Англиски јазик, познавање на германски јазик ќе се смета за предност
КОСТАЛ Македонија нуди пријатна работна средина во брзорастечка компанија која се придржува до највисоките меѓународни корпоративни и управувачки практики. Ако личниот развој, континуираното учење и можностите за напредување во кариерата се дел од атрибутите за работа што ги барате, тогаш КОСТАЛ сигурно е место за истражување и работа.
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за  " СМТ ТЕХНИЧАР " преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
 
Краен рок за пријавување: 21-ри Април,2019
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде