Vrabotuvanje.com - Оператор на компјутерска CNC машина - Скопје - ТЕ-ТЕ ПЛАСТ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператор на компјутерска CNC машина

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТЕ-ТЕ ПЛАСТ
 
 
ТЕ-ТЕ ПЛАСТ претставува компанија со традиција долга повеќе од 25 години во производство на алати за бризгање на пластика, алати за обоени метали, како и производство на пластични и метални делови. Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на  работна позиција:
 
 
ОПЕРАТОР НА КОМПЈУТЕРСКА CNC МАШИНА
2 (два) извршители
 
 
Кандидатот ќе биде одговорен за:
  • Подготовка на материјал за машинска обработка (сечење, порамнување, брусење)
  • Подготовка на машината за работа (стегање, базирање, фаќање центар на парче)
  • Подготовка на алат за машинска обработка
  • Пуштање на NC програмите и обработка на парчето
  • Проверка на толерисаните димензии
  • Вадење на обработениот материјал  од машината (чистење на машината од шпон)
  • Подмачкување на машината
 
Потребни квалификации:
  • Основно познавање на механика
  • Работно искуство ќе се смета за предност
 
Способности кои е потребно да се поседуваат:
  • Способност за работа во тим
  • Одговорност
  • Способност за работа под притисок 
 
Работно време: понеделник-петок, од  07:00 до 15:00 часот
 
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат и да достават свое CV преку полето Брза Апликација, со назнака: Апликација за работно место-Оператор на CNC машина.
 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде