Vrabotuvanje.com - Супервизор на површинска заштита - Скопје - ВАБТЕК МЗТ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Супервизор на површинска заштита

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВАБТЕК МЗТ

ВАБТЕК МЗТ е светски познат производител на системи за сопирање на шински возила и дел од глобалната мултинационална Wabtec корпорација со седиште во САД. Веќе шест децении нашите иновативни решенија со најсовремена технологија обезбедуваат сигурност во транспортот на луѓе и стоки низ целиот свет. 

За потребите на Секторот за Производство нудиме можност за ангажирање на кандидат за позицијата
 

Супервизор на површинска заштита

Основни задолженија и одговорности:
  • Анализира работни налози, предвидува работно време потребно за производство
  • Распоредува работни задачи и работно време 
  • Специфицира и обезбедува материјали, алати и друга опрема потребна за производствениот процес
  • Го планира текот на материјали и операции низ производниот процес
  • Изготвува технолошки постапки за сите процеси на бојадисување и галванизација во согласност со барањата на купувачите и стандардите и ја контролира нивната примена во производството
  • Врши контрола на квалитет на изработените делови
  • Врши подготовка на хемикалиите соласно  упатствата на производителот и корекција на растворите
  • Развива и импелементира методи за континуирани подобрувањa на времето, квалитетот и безбедноста
  • Анализира и разрешува тековни проблеми во процесите
  • Води персонална евиденција, евиденција на материјали, залихи и сл.
  • Eвидентирање  на видовите и количините  на  отпад  кои  се  создаваат 
  • Поднесува   дописи  и  извештаии на годишно ниво до Министерството за животна  средина и просторно  планирање  во  законско предвидените рокови
  • Го  известува  менаџментот на компанијата за можните негативни влијанија на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето.
  • Доставува  предлози до менаџментот за избегнување и во најголема можна мера, намалување на количеството на создаден отпад.
  • Прави продажни порачки  за опасниот и неопасниот  отпад  
 
Квалификации и компетенции:
  • Влажно бојадисување
  • Електростатско бојадисување
  • Смолирање и китирање
  • Техники на испитување на бојадисан слој
  • Фосфатизирање
  • Брунирање
  • Анодна оксидација (елоксирање)
  • Поцинкување
  • Хромирање
  • Хемиско никлување
  • Хемиска лабораторија
  • Физичка лабораторија
 
Што нудиме?
  • Предизвикувачко и технолошки напредно работно опкружување во меѓународна компанија
  • Можност за професионален развој во согласност со високи меѓународни стандарди за квалитет
  • Конкурентен надомест

 

Вашата апликација (мотивациско писмо, CV и препораки) со назнака “Супервизор на површинска заштита” испратете ја преку полето Брза Апликација најдоцна до 26.04.2019.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју. 
Вабтек МЗТ е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде