Vrabotuvanje.com - Одржувач - Скопје - ВАБТЕК МЗТ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВАБТЕК МЗТ

ВАБТЕК МЗТ е светски познат производител на системи за сопирање на шински возила и дел од глобалната мултинационална Wabtec корпорација со седиште во САД. Веќе шест децении нашите иновативни решенија со најсовремена технологија обезбедуваат сигурност во транспортот на луѓе и стоки низ целиот свет. 

За потребите на Секторот за производство нудиме можност за ангажирање на определено време на кандидат за позицијата
 
 

Одржувач

Основни задолженија и одговорности:
  • Утврдува и отстранува механички и/или електрични/електронски дефекти на машините, опремата и инфрастуктурните системи
  • Врши превентивни и периодични прегледи на машините и опремата и води пишана евиденција за извршените активности
  • Врши монтажа и демонтажа на делови на машините и опремата
  • Утврдува потреба и нарачки на нефункционални делови, резервни делови и алати и води пишана евиденција.
  • Да учествува во поставување, преместување, нивелирање, монтирање и пуштање во погон на машините и опремата.
  • Врши промена на масла, масти, емулзија и горива, го контолира нивниот квалитет и рокови за употреба.
  • По потреба извршува и други работни операции.
 
Квалификации и компетенции:
  • Средно стручно образование 
  • Користење рачни алати и едноставни машини Електрични системи и инсталации Функционалност на комплексни уреди и машини за обработка на метал 
  • Безбедно работење на висини, стандарди за кранови и дигалки работа со садови под притисок и сл.
  • Познавање на основи на инфрастуктурни системи
  • Одлична тимска работа
 
Кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат тестирани . 
 
Што нудиме?
  • Предизвикувачко и технолошки напредно работно опкружување во меѓународна компанија
  • Можност за професионален развој во согласност со високи меѓународни стандарди за квалитет
  • Конкурентен надомест

 

Вашата апликација (мотивациско писмо, CV и препораки) може да ја испратите преку полето Брза Апликација со назнака Одржувач испратете најдоцна до 25.04.2019.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју. 
Вабтек МЗТ е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде