Vrabotuvanje.com - Трејд маркетинг менаџер - Скопје - Алка Дистрибуција
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Трејд маркетинг менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • Алка Дистрибуција
  • Адреса: Париска 36а, 1000 Скопје

Алка Дистрибуција е дистрибутерска компанија, дел од групацијата АLCA (Alca Trgovina Србија, Alca-mbed Gmbh Австрија, Lomas Словенија, Alca Ltd. Хрватска, Planet Ltd. Босна и Херцеговина), која работи успешно на пазарот во Македонија веќе 4 години. Увозник и дистрибутер на познати регионални брендови од областа на хемија и прехрана. Богатиот спектар на производи кои ги работи компанијата бара висок степен на флексибилност, отвореност на постојани промени, како и високо ниво на организација и континурирано инвестирање во развојот на вработените и брендовите.


​​Трејд маркетинг менаџер


ОДГОВОРНОСТИ И ЗАДАЧИ:

  • Изработува и предлага месечен и квартален план на трејд маркетинг активности на брендовите за кои е одговорен
  • Изработува и предлага план на продажба до ниво на артикли за брендовите за кои е одговорен
  • Непосредно и плански го следи и анализира пазарот и позицијата на брендовите, и согласно стратегиите на Принципалот изработува план на активности за остварување на зададените таргети
  • Детално ја следи и анализира дистрибуцијата, асортиманот по формати на објекти, позиционирањето и изложеноста на производите во маркетите, и непосредно дава поддршка на тимовите за продажба и мерчандајзинг за подобрување на позициите и продажбата на производите
  • Изработува извештаи за продажба по производи и канали
  • Одговара за зададениот буџет од Принципалите, и изработува месечни анализи на трошоци по канали и брендови
  • Секојдневно комуницира со Принципалите и продажниот тим со цел ефикасна имплементација на зададените таргети

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование
  • Минимум 2 години работно искуство во областа на трејд маркетинг
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Проактивен и индивидуален пристап кон работата и способност за работа под притисок 
  • Одлично говорење и пишување на англиски јазик
  • Одлично познавање на Microsoft Office Excel & Power Point
  • Возачка дозвола – Б категорија

 

Вашите резимеа можете да ги испратите електронски преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде