Vrabotuvanje.com - Оператор на машина во производство - Скопје - dssmith
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператор на машина во производство

Скопје

Рок за пријавување:

  • dssmith
 
DS Smith  е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith  ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во четири дивизии: амбалажа, рециклирање, пластика и хартија. 

Со тим од над 22.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.
 
Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com
 
DS Smith Скопје вработува:
Оператор на машина во производство
 
 
Потребни квалификации:
  • Средно образование
  • Со и без работно искуство
  • Организираност и одговорност
  • Способност за работа во тим
  • Мотивирана и стабилна личност
 
Што нудиме: работа во интернационална компанија, во динамична атмосфера, со можност за персонален и професионален развој.
 
Сите заинтересирани кандидати кој ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават CV преку полето Брза Апликација не подоцна од 31.05.2019.
 
Само оние апликации кој ги задоволуваат критериумите наведени погоре ќе бидат поканети на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде