Vrabotuvanje.com - Инженери на тренинг - Охрид - KOSTAL Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженери на тренинг

Охрид

Рок за пријавување:

  • KOSTAL Group

 

Откако компанијата КОСТАЛ беше основана во 1912 година во Луденшајд, Германија, воведовме иновации во комбинација со бескомпромисен квалитет. Преку овој пристап, поминавме долг пат во последните 100 години. Денес сме еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Со нашиот најнов објект во Охрид, Македонија лоцирани сме во вкупно  21 земја каде што работиме со повеќе од 20.000 вработени кои ги снабдуваат сите поголеми производители на автомобили на 5 континенти. Погонот во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 

Дали е важно за Вас како што е за нас дека работите континуирано напредуваат - технологијата околу вашите лични вештини, вашите можности за кариера и баланс во вашиот работен живот и задоволството од работата? Со нас, можете да направите разлика во сите овие области.

Дали барате возбудлива и предизвикувачка можност?

Бараме инженери кој се проактивни, посветени и искрени. Ние им овозможуваме на младите инженери да ги споделат своите мислења, идеи и прашања за да создадат култура на повратни информации, образование и континуирано подобрување. 

По успешното започнување со работа на фабриката во Охрид, КОСТАЛ е отворен за соработка со студенти од техничките факултети кои што се во последен семестар од студирањето и штотуку дипломирани, кој што ќе се приклучат на инженерскиот тим.
 
Потребно за оваа позиција е:
  • Скоро дипломирани Електро и Машински Инженери или со соодветно високо техничко образование
  • Одлични вербални комуникации и интерперсонални вештини
  • Можност за индивидуални придонеси, со фокус кон целите на фабриката
  • Способност за работа со рокови под притисок
  • Само-мотивиран поединец со одлични комуникациски вештини и проактивен кон давање на  предлози за подобрување на процесите
  • Напредно познавање на MS Excel, Outlook express
  • Тимски играч, проактивен, добро мотивиран со одлични комуникациски вештини
  • Задолжително познавање на Македонски и Англиски јазик, познавање на Германски јазик ќе се смета за предност
  • Подготвени да патуваат дома и во странство
 
Што нудиме?
  • Платено сместување во првите 6 месеци. 
  • Превоз од Охрид / Струга до КОСТАЛ Македонија и обратно. 
  • Топол оброк во просториите на фабриката. 
  • Започнување на основна нето плата од 350 евра платени во македонска валута
 
КОСТАЛ Македонија нуди пријатна работна средина во брзорастечка компанија која се придржува до највисоките меѓународни корпоративни и управувачки практики. Ако личниот развој, континуираното учење и можностите за напредување во кариерата се дел од атрибутите за работа што ги барате, тогаш КОСТАЛ сигурно е место за истражување и работа.
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја Вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Инженер на тренинг" преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
 
Краен рок за пријавување: 30-ти Мај,2019

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде