Vrabotuvanje.com - Раководител на контрола - Скопје - РИФАМ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Раководител на контрола

Скопје

Рок за пријавување:

  • РИФАМ ДОО
  • Адреса: ул. Јадранска Магистрала бр. 62, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://rifam.com.mk/

Ние сме РИФАМ ДОО – комбинираме долгогодишно искуство на регионалните фармацевтски пазари со иновативни решенија, со цел да им овозможиме на пациентите пристап до најквалитетните препарати.

Раководител на контрола

Главни задачи на позицијата:

  • Раководи со планирање, развивање и спроведување надзор во функционирањето на системите за внатрешна контрола.
  • Придонесува во успешноста на компанијата преку обезбедување кредибилност на финансиските податоци како и преку почитување на законите, правилата и процедурите во работењето на компанијата.
 
Задачи и одговорности:
  • Ги контролира финансиските процедури во насока на унапредување на ефикасноста на компанијата и оптимизирање на нејзиниот профит;
  • Обезбедува точност и навременост на сите финансиски активности, документи и извештаи во работењето;
  • Придонесува во креирање на позитивен институционален имиџ преку активности за транспарентност и одговорност во сите финансиски аспекти на работењето;
  • Обезбедува употребување на генерално прифатени сметководствени стандарди кои се аплицираат во севкупното финансиско работење и кон кои стандарди се придржува при подготовка на финансиски прегледи и извештаи;
  • Развива инструменти и механизми на системот на внатрешна контрола; 
  • Подготвува буџети и учествува во во подготовка на периодични проекции за проток на средства, бизнис планови, проекции и долгорочни финансиски цели;
  • Раководи со развој и спроведување на активности за управување со ризици; 
  • Мониторира плаќања до доверителите, банки и финансиски институции;
  • Го надгледува и ревидира финансиското работење преку поставување на индикатори и преку навремени корективни интервенции таму каде што е потребно;
  • Креира периодични оперативни извештаи кои ги доставува до надредените за понатамошно носење на одлуки и креирање на стратегии; 
  • Врши континуирана надградба и јакнење на свест на сите вработени и други засегнати страни во врска со релевантни политики и процедури во областа на финансии, сметководство и даночење;
  • Врши надзор и ја координира работата на  сметководственото биро;
  • Учествува во изработка завршната сметка;
  • Учествува во подготовка на договори, меморандуми и протоколи со партнери и соработници;
  • Придонесува во изработување и ревидирање на Описи и пописи на работни задачи за нови и постоечки работни позиции. 
  • Учествува во подготовка и спроведување на периодични проценки на извршувањето на работните задачи на вработените, 
  • Учествува на обуки како и на активности за професионален развој во контекст на обезбедување на висок стандард на спроведување на работните задачи и континуиран професионален напредок во соодветното поле на работа или во друга сфера на интерес на РИФАМ;
  • Континуирано демонстрира личен интегритет и етички пристап во работењето;
  • Соработува со Раководителите по сектори во обезбедување на адекватно и навремено идентификување на ризици и управување со истите во соодветните секторите и во РИФАМ во целина;
  • Соработува со Раководителите на сектори во идентификувањето на критериумите и индикаторите за секоја од позициите во соодветниот сектор; 
  • Во договор со Раководителот на финансии и администрација извршува и други задачи и превзема одговорности кои се во рамки на позицијата.
 
ЛИНИИ НА КОМУНИКАЦИЈА:
 
Раководителот за контрола:
  • Одговара на Раководителот на финансии и администрација.
  • Соработува со Раководителите на сектори и со останати вработени вклучени во воспоставените механизми на внатрешна контрола.
  • Ја надгледува работата на надворешните сметководствени и правни бироа и соработници на компанијата
 
КЛУЧНИ ИНДИКАТОРИ ЗА ОЦЕНКА НА РАБОТЕЊЕТО:
  • Соодветност, ефикасност и ефективност на системот за внатрешна контрола во РИФАМ
  • Квалитет, навременост и корисност на анализите, документите и извештаите доставени до соодветните структури во компанијата
  • Континуирано унапредување на внатрешните процедури во компанијата и јакнење на капацитети на вработените и соработниците во областа на одговорност
 
ОГРАНИЧУВАЊА ВО ОВЛАСТУВАЊАТА:
  • Работењето и активностите се во согласност со договорот за работа, одобрените работни планови договорени со Раководителот на финансии и администрација
  • Сите процедури, правила и активности задолжително се развиваат и спроведуваат во согласност со позитивните законски прописи како и во рамки на постоечките процедури и одобрените буџети
  • Не дава изјави за јавност поврзани со РИФАМ

Потребни квалификации:

  • ВСС (Економски факултет или сродни студии со соодветна Финансиско-сметководствена насока)
  • Минимум 5 години соодветно (сметководствено и/или даночно  работење, корпоративно финансиско работење и контрола)
  • Пожелно е пост-дипломски студии во релевантна сфера
  • Пожелно е 7 години соодветно работно искуство 
  • Пожелно е претходно работно искуство во фармацевтски сектор

Специфични знаења и искуства поврзани со соодветната позиција:

  • Докажано искуство во успешно финансиско работење со хетерогени тимови
  • Длабинско познавање на соодветна законска регулатива
  • Креирање и подобрување на финансиски правила и процеси 
  • Одлични компјутерски вештини и професионално владеење на Excel, PowerPoint, MS Office
  • Познавање на соодветни финансиски софтвери
  • Пожелно е познавање на англиски јазик, одлично владеење со софтвери за управување со податоци и практични искуства со менаџмент на промени

Лични карактеристики и вештини:

  • Професионалност, посветеност и ориентираност кон резултати
  • Аналитички вештини 
  • Комуникациски и преговарачки вештини
  • Лидерство и самоиницијативност
  • Ефективност во работа под стрес и со куси временски рокови
  • Лојалност кон компанијата и нејзините цели​

УСЛОВИ
I. Работно место
Раководител на контрола - Позицијата Раководител на контрола одговара директно на Раководителот на финансии и администрација.
Зона на одговорност - Зоната на одговорност е целата територија на државата.
Работно време - Ова е работно место со полно работно време од 40 часа неделно. Редовен распоред на денот е 08:30 - 16:30 од понеделник до петок.
Времетраење на договорот - Вработувањето на оваа позиција за почеток ќе биде со договор на определено време од 6 месеци. 
II. Надомест за трудот
Личен доход - Рифам ќе исплаќа почетна нето плата од 34.000,00 денари. Натамошните корекции на платата ќе се спроведуваат согласно внатрешните правилници на компанијата, по евалуација која ќе се спроведува на секои 6 месеци. 
III. Бонус За сега не е предвиден бонус за вработениот на позицијата Раководител на контрола во Рифам. 
IV. Други услови
Средства за работа - Стандардни средства за работа предвидени за оваа позиција во Рифам се преносен компјутер и мобилен телефон со телефонски број. 
Годишен одмор - На сите вработени во Рифам им следуваат 20 дена платен годишен одмор
Осигурување од незгода и повреда на работното место - Сите вработени во Рифам се осигурени од незгода и повреда на работното место.

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги испратат преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака за која позиција Аплицираат.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде