Vrabotuvanje.com - Маркетинг менаџер - Скопје - ЗЕГИН ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Маркетинг менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЗЕГИН ДОО

Маркетинг менаџер
 
ЗЕГИН ДОО е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
 
Позицијата вклучува:
  • Управување со активностите на маркетингот  (планирање, организирање, водење и контролирање на активностите)
  • Планирање, организирање, водење и контрола на маркетингот на Друштвото
  • Владеење на маркетинг буџетот и на поединечните буџети за кампањи и остварување на бараните резултати
  • Известување на управата за постигнатите резултати на Друштвото
  • Идентификување и дефинирање на потребите за рекламирање на Друштвото и развивање и креирање соодветни рекламни кампањи заради постигнување на посакуваните продуктни перформанси и имиџ на компанијата
  • Проверка, одобрување и надгледување на медиа планови и реализација на кампањите
  • Пишување и дизајнирање на документација што се испраќа до медиумите
  • Проверка на преводи наменети за ПОС материјали
  • Советување за сите елементи на маркетингот како произведствениот микс, цените, рекламирањето, продажбата, промоцијата и дистрибутивните канали
  • Имплементирање на методите на модерна продажба, обезбедување на процесот во кој ентериерот на аптеките и продавниците за здрава храна ќе соодејтсвува со стандардите на Друштвото за брендирање
  • Организирање на посебни настани, наградни игри и други социјални настани за презентирање на добрата волја и општествената одговорност на организацијата
  • Одредување комуникациска стратегија за кампањите со странските добавувачи, следење на процесот на плаќања од страна на странсите добавувачи/доспеаноста на факутирите
  • Планирање на дневните задачи и управување со нив
  • Вршење на сродни работи
Профил на кандидат:
  • Познавање од областа на маркетингот
  • Добри комуникациски вештини
  • Систематичност, организираност, иницијативност
  • Одлично познавање на работа со MS Office Suite и Internet
  • Одлично познавање на англискиот јазик (усно и писмено)
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија
Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Маркетинг менаџер преку полето Брза Апликација. Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде