Vrabotuvanje.com - Контрола на квалитет -Интерен аудит - Тетово - ЕУРОВИА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Контрола на квалитет -Интерен аудит

Тетово

Рок за пријавување:

  • ЕУРОВИА ДООЕЛ

 
 
 

Друштво за градежништво, трговија и услуги ЕУРОВИА ДООЕЛ со седиште во Желино, Тетово - една од водечките компании во Македонија со долгогодишно искуство на полето на градежништво, логистика,  и трговија со градежни материjали, со единствена цел остварување на високо професионален однос со клиентите, нудејќи навремено и прецизно извршување на услуги и комплетна посветеност кон она што го работи, со цел зајакнување на нашиот тим . За наши/свои потреби го распишува/ме следниот оглас:  
 
Контрола на квалитет (Интерен аудит) го извршува и го контролира целосниот работен и процес на ревизија преку проценка на процесите за управување со ризик, контролата на ефективноста на работењето, финансиската сигурност и усогласеноста со сите применливи директиви и правила, во интерес на исполнување на деловните цели на компанијата 

КОНТРОЛОР ЗА КВАЛИТЕТ – ИНТЕРЕН АУДИТ

 
Квалификации на кандидатот:

  • ВСС – Економски факултет, Правен или  Бизнис администрација 
  • Работно искуство од најмалку 3 години во областa на аудити на корпорациски системи за квалитет
  • Знаење на стандардите, процедурите за ревизија, законите, правилата и регулативата
  • Одлично познавање на апликациите од MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на англиски јазик 

 
Главни одговорности: 

  • Одржување и унапредување на постоечкиот систем за квалитет и имплементирање на нов систем за квалитет.
  • Активно учествува во изработка на Документи, процедури, политики и правила на корпорацијата
  • Спроведување на План за ревизија на Стандардни Оперативни Процедури
  • Имплементација и следење на имплементација на новитет во корпорацијата
  • Обезбедува внатрешни прописи и воспоставува контролен протокол.
  • Изготвува План за ревизија за сите оддели на корпорацијата     
  • Испитува документација, вклучувајќи извештаи, изјави, записи и белешки.
  • Подготвува извештаи и ги анализира резултатите од ревизијата за да се утврдат методите за зголемување на профитот и намалување на непотребните трошоци, зголемување на продуктивноста.
  • Идентификација на неправилности во работењето и препорака за мерки за отфрлање на ризикот и заштеда на трошоците.
  • Ги проценува најдобрите финансиски практики за една организација и дава релевантни, информирани предлози
  • Работи со тим за постигнување на целите на компанијата
  • Обезбедување на објективни совети и насоки за менаџерите и вработените на сите нивоа 

 
Личен профил:

  • Способност за тимска работа
  • Организациски и аналитички способности
  • Доверлива личност
  • Силни етички стандарди и високо ниво на интегритет 

 
Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да ја испратата својата  професионална биографија (CV) преку полето Брза Апликација со назнака "Контрола на квалитет – Интерен Аудит". 
 
Краен рок за пријавување е 24.05.2019. 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде