Vrabotuvanje.com - Аналитичар во Лабораторија / Laboratory Analyst - Скопје - Johnson Matthey
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Аналитичар во Лабораторија / Laboratory Analyst

Скопје

Рок за пријавување:

  • Johnson Matthey
 
 
Оглас за работа: Аналитичар во Лабораторија / Laboratory Analyst
Локација: Скопје, Македонија
 
 
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
 
Џонсон Мети има потреба од Аналитичар во Лабораторија / Laboratory Analyst кој кој ќе му се придружи на нашиот Оддел за контрола на квалитет во фабриката за автокатализатори во Скопје. Кандидатот треба да има позитивен и аналитички пристап, да демонстрира способност за ефективна говорна и писмена комуникација на логичен начин.


Главни одговорности:
  • Прием, подготовка и анализа на примероци од одделите за Производство и Осигурување на квалитет, како и други фабрики на Џонсон Мети
  • Внес на резултати од направените анализи, во LIMS и WRMS системите
  • Архивирање на документација поврзана со процесите во лабораторијата
  • Имплементирање и следење на LEAN принципите
  • Идентификување на проблеми со опремата во лабораторијата и известување за истите
  • Следење на процедури и упатства за работа
  • Следење на добра лабораториска пракса
  • Следење и придржување кон правила за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа 
 
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Пожелно е претходно лабораториско работно искуство
  • Задолжително е високо образование од областа на хемија, биохемија и технолошки науки
  • Искуство со работење во динамична и комплексна работна средина
  • Компетентен корисник на Microsoft Office како и системи кои се користат во лабораториско работење
  • Добри комуникациски вештини и воспоставување добри меѓучовечки односи
  • Непоходно е добро познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Адаптибилност во тимска работа
 
Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7.

Како да аплицирате:
 
Интерните кандидати треба да го информираат нивниот непосреден супервизор/менаџер за нивната намера за аплицирање.
 
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк:

Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана. 
 

Краен рок за аплицирање: 23 мај 2019
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде