Vrabotuvanje.com - Контакт центар агенти - германскиот јазик - Скопје - ЦМХ Солушнс ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Контакт центар агенти - германскиот јазик

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЦМХ Солушнс ДООЕЛ Скопје

 
Отворено работно место за познавачи на германскиот јазик (минимум Б2 ниво)
 
ЦМХ Солушнс ДООЕЛ Скопје (CMX Solutions), дел од германска компанија во доменот на давање кориснички услуги, која работи во Македонија од февруари 2015,  објавува оглас за отворени работни места Контакт центар агент со познавање на германски јазик со место на извршување на работата во Скопје.
 
Контакт центар агенти со одлично познавање на германскиот јазик 
 
Опис на задачите: 
  • Одговарање на дојдовни повици и е-маил прашања/барања од корисници и обезбедување на потребни информации, поддршка и помош во решавање на барањата на корисниците;
  • Ефикасно прибирање на кориснички информации, задоволување на потребите на корисниците и едуцирање на корисниците;
  • Обезбедување квалитетна услуга и поддршка во различни области кои вклучуваат информации за плаќања, правење нарачки, решавање на системски проблеми и слично.
Потребни квалификации:
  • Одлично познавање на германскиот јазик минимум Б2 ниво (Ц1 пожелно но не неопходно)
  • Одлично познавање на англискиот јазик ќе се смета за предност
  • Посветеност во обезбедувањето високо корисничко задоволство
  • Способност да комуницира јасно и професионално
  • Претходно искуство не е потребно
Нудиме:
  • Одлични работни услови
  • Редовно вработување со можност за цело и пола работно време
  • Флексибилно работно време во текот на денот и неделата
  • Платена обука
Одлична можност за сите студенти кои одлично го владеат германскиот јазик да го надоградат во постојана интеракција на германски јазик и истовремено да заработат додека се сеуште на студии.
 
Испратете ја вашата кратка биографија (CV) на англиски/германски најдоцна до 30.06.2019 на е-маил: vacancies@cmx-solutions.com
 
Со поднесување на апликацијата, се согласувам ЦМХ Солушнс ДООЕЛ Скопје да ги чува  документите и личните податоци за процесот на вработување доставени од моја страна, со цел да ги искористи во последователните процедури за регрутирање во период од 3 години.
 
Јас сум информиран дека може да ја повлечам мојата согласност во секое време. Свесен сум дека ако ја повлечам мојата согласност, ЦМХ Солушнс Скопје нема да може да ме контактира за регрутирање во иднина за позиции кои би можеле да бидат соодветни за мене.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде