Vrabotuvanje.com - Електричари во ОЕ Производство - Куманово - ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електричари во ОЕ Производство

Куманово

Рок за пријавување:

  • ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ А.Д

ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска представува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.

Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал, располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени челични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита,со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.

 

Електричари во ОЕ Производство 5 (ПЕТ) извршител

 
Одговорности и задачи:
  • Работи на одржување на машините,крановите,транспортните средства и возилата и врши отклонување на кварови на истите,а по потреба работи и во процесот на производството,
  • Одговорен е за квалитетот на извршената работа,
  • Учествува во вршење на средни поправки и генерални ремонти на капацитетите,
  • За застоите и начинот на отклонување и уградените делови води евиденција и го информира одговорниот сменски одржувач,
  • Врши и други работни задачи од својата стручност,по налог на претпоставениот раководител.
 
Потребни квалификации:
  • Стручна подготовка: ССС електротехничар енергетичар,електротехничар јака струја
  • Со или без работно искуство 
 
Личен профил:
  • Посветеност на работата
  • Желба за учење и напредување во работата
  • Чесност, доверливост и одговорност
  • Тимска работа
Заинтересираните кандидати да достават кратка биографија (CV) преку полето Брза Апликација
Кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми за позицијата ќе бидат повикани на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде